Прејди на содржината

Ебелебен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ебелебен

Ebeleben

Градското собрание на Ебелебен
Градското собрание на Ебелебен
Градското собрание на Ебелебен
Грб на Ебелебен
Ебелебен во рамките на Германија
Ебелебен
Управа
Земја Германија
ПокраинаТирингија
ОкругКифхојзер
Градски единици5
ГрадоначалникШтефен Гребел
Основни податоци
Површина44,54 км2
Надм. височина245 м
Население 2.678 (31 декември 2022)[1]
 - Густина60 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.KYF
Пошт. бр.99713
Повик. бр.036020
Порталwww.stadt-ebeleben.de
Местоположба на градот Ебелебен во рамките на округот Кифхојзер
Карта
Карта
Координати51°17′0″N 10°44′0″E / 51.28333°N 10.73333°E / 51.28333; 10.73333

Ебелебен (германски: Ebeleben) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 13 километри југозападно од окружниот град Зондерсхаузен.

Градот поседувал голем замок, кој бил уништен во април 1945 година.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Ебелебен се наоѓа во северниот дел на Тирингија и е опколен од ридските масив Хајнлајте од североисток, од Дин од северозапад и од Хајлингер Хеен од југ.

Низ Ебелебен тече реката Хелбе.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Кон градот Ебелебен припаѓаат петте места: Алменхаузен, Гундерслебен, Рокензусра, Тирингенхаузен и Видермут.

Градски дел на Ебелебен е Маркзусра.

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на Ебелебен се состои од 14 членови. Членовите биле избрани на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:[2]

Согласно припојувањето на општината Тирингенхаузен на 31 декември 2019 година, Градскиот совет бил проширен за еден член и сега се состоел од 15 членови и градоначалник.

Партија / ЛистаМеста 2019Места 2014Места 2009
FW846
CDU222
SPD/Левица2
SPD45
Левица22
NPD11
ВфЛ 1888 Ебелебен11

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Моментален градоначалник е Штефен Гребел. Бил избран на 15 април 2018 година.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Ебелебен е збратимен со следниве градови:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
  2. Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen - endgültiges Ergebnis für Ebeleben

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]