Рослебен-Вие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рослебен-Вие

Roßleben-Wiehe

Рослебен-Вие is located in Германија
Рослебен-Вие
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Кифхојзер
Градски единици 10
Градоначалник Штефен Зауербир (СДП)
Основни податоци
Површина 73,04 км2
Надм. височина 140 м
Население 7.476 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 102 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. KYF
Пошт. бр. 06571, 06556
Повик. бр. 03466, 034672
Портал rossleben-wiehe.info
Местоположба на градот Рослебен-Вие во рамките на округот Кифхојзер
Карта
Координати 51°18′0″N 11°26′0″E / 51.30000° N; 11.43333° E / 51.30000; 11.43333Координати: 51°18′0″N 11°26′0″E / 51.30000° N; 11.43333° E / 51.30000; 11.43333

Рослебен-Вие (германски: Roßleben-Wiehe) — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Градот бил создаден на 1 јануари 2019 година со спојување на градовите Рослебен и Вие, како и две други општини, Дондорф и Наузиц.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Рослебен-Вие е најисточната општина во округот Кифхојзер и се наоѓа непосредно на границата со сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини на градот се следниве (од север надесно): Артерн, Алштет (Саксонија-Анхалт) (округ Мансфелд-Јужен Харц, Саксонија-Анхалт), Кверфурт (округ Зале (округ), Саксонија-Анхалт), Кајзерпфалц (округ Бургенланд (округ), Саксонија-Анхалт), Келеда (округ Земерда), Оберхелдрунген, Ан дер Шмике, Гехофен и Калбсрит.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот се состои од следниве единици:

  • Ботендорф
  • Дондорф
  • Гарнбах
  • Хехендорф
  • Клајнрода
  • Лангенрода
  • Наузиц
  • Рослебен
  • Шеневерда
  • Вие

Историја[уреди | уреди извор]

Во рамки на општинската реформа 2018/2019 во Тирингија, градовите Рослебен и Вие, како и општините Дондорф и Наузиц се одлучиле да се спојат на 1 јануари 2019 година.[2]

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет на Рослебен-Вие бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:[3]

Партија / Листа % Места
SPD 30,9 6
CDU 23,9 5
AfD 12,8 3
UWG 8,8 2
LINKE 7,0 1
FWG 6,9 1
FDP 4,6 1
DG 4,1 1
BFB 0,9 0
Вкупно 100,0 20

Градоначалник[уреди | уреди извор]

На општинските избори на 26 мај 2019 година бил избран Штефен Зауербир (SPD) со 59% од гласовите.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. 31 декември 2019. (германски)
  2. Thüringer Gesetz- und Verordnungsblatt Nr. 14/2018 S. 795 ff., aufgerufen am 22. Januar 2019
  3. „Stadtratswahl Roßleben-Wiehe 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.
  4. „Bürgermeisterwahl Roßleben-Wiehe 2019“. wahlen.thueringen.de. Посетено на 2019-08-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]