Шварцбург-Зондерсхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кнежевство Шварцбург-Зондерсхаузен
Grafschaft (Fürstentum) Schwarzburg-Sondershausen
Држава на Свето Римско Царство
(1599–1806)
Држава на Рајнски Сојуз
(1806–13)
Држава на Германски Сојуз
(1815–66)
Држава на Северногермански Сојуз
(1866–71)
Држава на Германско Царство
(1871–1918)

1599–1918
Знаме Грб
Местоположба на Зондерсхаузен
Шварцбург-Зондерсхаузен во рамките на Германското Царство
Местоположба на Зондерсхаузен
Шварцбург-Зондерсхаузен во Тирингија
Главен град Зондерсхаузен
Јазици Германски
Уредување Кнежевство
Принц
 -  1697–1716 Џон Гинтер I (прв)
 -  1909–1918 Гинтер Виктор (последен)
Историски период Среден век / Прва Светска војна
 -  Поделено од Шварцбург 1599
 -  Подигнато во кнежевство 1697
 -  Ноемвриска револуција 1918
 -  Обединето во Тирингија 1920
Денес во  Германија

Шварцбург-Зондерсхаузен (германски: Schwarzburg-Sondershausen) — мало кнежевство во Германија, во денешната покраина Тирингија, со главен град Зондерсхаузен.

Историја[уреди | уреди извор]

Замокот во Зондерсхаузен
Тирингиските држави и нивните престолнини до 1918 г. Слободни држави 1918-1920; обединети како Тирингија од 1920 година. Војводства ЕрнестинКнежевства РојсКнежевства Шварцбург
  Кнежевство Шварцбург-Зондерсхаузен (Зондерсхаузен)
Околни држави и нивните главни градови
  Кралство Прусија, Провинција Хесен-Насау (Касел), Регион Касел (Касел)
  Кралство Прусија, Провинција Саксонија, Регион Мерзебург (Мерзебург)
Надвор од Германското Царство

Шварцбург-Зондерсхаузен било грофовија (ерлдом) до 1697 година. Во таа година, станало кнежество, кое траело до падот на германските монархии во 1918 година, за време на германската револуција од 1918-1919 година. По германската револуција, кнежеството станало република и се приклучило на Вајмарската Република како конститутивна држава. Во 1920 година, републиката се здружила со другите мали држави во областа за да ја формира новата држава Тирингија.

Шварцбург-Зондерсхаузен имала површина од 862 км2 и население од 85.000 жители (1905). Градови кои се наоѓале во државата биле: Арнштат, Зондерсхаузен, Герен, Лангевизен, Гросбрајтенбах, Ебелебен, Гросенерих, Гројсен и Плауе.

Владетели на Шварцбург-Зондерсхаузен, 1552-1918[уреди | уреди извор]

Карл Гинтер, последниот принц од Шварцбург-Зондерсхаузен

Грофови од Шварцбург-Зондерсхаузен[уреди | уреди извор]

Издигнато во Кнежевство во 1697 година

Принцови од Шварцбург-Зондерсхаузен[уреди | уреди извор]

Обединети под принцот Гинтер Виктор од Шварцбург-Рудолштат

  • 28 март 1909– ноември 1918: Гинтер Виктор

Глави на кнежевската куќа на Шварцбург[уреди | уреди извор]

По смртта на принцот Гинтер Виктор, кој не оставил потомци, во 1925 година бил наследен од принцот Сицо (1860–1926), кој бил син на принцот Фридрих Гинтер (1793–1867) од неговиот втор, моргански брак. Принцот Сицо бил признат како полноправен член на Домот на Шварцбург во 1896 година. Него во 1926 година го наследил неговиот син, принцот Фридрих Гинтер (1901–1971). Тој бил последен во машката линија.[1][2]

  • 1918-1925: Принц Гинтер Виктор (1852-1925)
  • 1925-1926: Принц Сицо (1860-1926)
  • 1926-1971: Принц Фридрих Гинтер (1901-1971)

Населени места со повеќе од 2000 жители[уреди | уреди извор]

Населени места Население
(1 декември 1910)
Арнштат 17.841
Зондерсхаузен 7.759
Лангевизен 3.814
Гројсен 3.348
Гросбрејтенбах 3.255
Герен 2.917
Гешвенда 2.291

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The House of Schwarzburg on Heraldica.org
  2. James, John Almanach de Gotha, Volume I, 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Public Domain Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)