Кралство Бохемија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралство Бохемија
České království (Чешки)
Königreich Böhmen (Германски)
Regnum Bohemiae (Латински)
Царска држава на Светото Римско Царство
(1198–1806)
Кралска земја на боемската круна
(1348–1918)
Изборен кнез
(1356–1806)
Кралска земја на Хабсбуршката монархија (1526–1804)
Кралска земја на Австриското Царство (1804–1867)
Кралска земја на Цислеитанскиот дел на Австроунгарија (1867–1918)
1198–1918


Знаме Грб
Химна
официјално нема, Господи, помилуј нè (де факто)
Местоположба на Бохемија
Кралството Бохемија и земјите на боемската круна во рамките на Светото Римско Царство (1618)
Местоположба на Бохемија
Кралството Бохемија во рамките на Австроунгарија (1914)
Главен град Прага
Јазици Чешки, Германски, Латински
Вероисповед
Уредување Феудална монархија
Крал на Бохемија
 -  1198–1230 Отокар Iпрв
 -  1916–1918 Чарлс Iпоследен
Историја
 -  Основана 1198
 -  Потврдена наследна кралска титула 26 септември 1212
 -  Инаугурација на Луксембург 7 април 1348
 -  Главна земјата на Боемската круна 5 април 1355
 -  Кралот станув кнез избирач 25 декември 1356
 -  Распуштање на Австроунгарија 31 октомври 1918 1918
Население
 -  околу 1400 Приближно 2 милиони 
Минати
Следни
Војводство Бохемија
Војводство Шлеска
Војводство Јавор
Војводство Брзег
Егерланд
Чехословачка
Денес во  Чешка
 Германија
 Полска

Кралство Бохемија (чешки: České království; германски: Königreich Böhmen; латински: Regnum Bohemiae), подоцна наречено Чешко Кралство — средновековна и рано модерна монархија во Средна Европа, претходник на денешна Чешка Република. Таа била царска држава во Светото Римско Царство, а чешкиот крал бил изборен кнез на империјата. Кралевите на Бохемија, покрај самиот регион на Бохемија, владееле и со други земји кои припаѓале на Боемската круна, која во различни времиња ги опфаќала Моравија, Шлеска, Лужица и делови од Саксонија, Бранденбург и Баварија.

Историја[уреди | уреди извор]

Вацлав II

Кралството било основано од династијата Премислид во 12 век од Војводството Бохемија, подоцна управувано од Домот на Луксембург, Јагелонската династија, а од 1526 година Домот на Хабсбург и неговиот наследник, Домот на Хабсбург-Лорен. За свети римски императори биле избрани и бројни кралеви на Бохемија, а главниот град Прага бил царско седиште кон крајот на 14 век и повторно на крајот на 16 и почетокот на 17 век.

По распаѓањето на Светото Римско Царство во 1806 година, територијата станала дел од Австриското Царство на Хабсбурзите, а потоа и Австроунгарија од 1867 година. Бохемија го задржала своето име и формалниот статус како посебно Кралство Бохемија до 1918 година, познато како кралска земја во рамките на Австроунгарското Царство, а нејзиниот главен град Прага бил еден од водечките градови на империјата. Чешкиот јазик бил главен јазик на сообранието и на благородништвото до 1627 година (откако Боемскиот бунт бил задушен). Германскиот јазик тогаш бил формално изедначен со чешкиот и на крајот преовладувал како главен јазик на благородништвото, сè до чешката национална преродба во 19 век. Германскиот јазик исто така бил широко користен како јазик на администрација во многу градови откако Германците емигрирале и населиле некои области на земјата во 13 век. Кралскиот двор користел чешки, латински и германски јазик, во зависност од владетелот и периодот.

По поразот на Централните сили во Првата светска војна, и Кралството и Империјата биле распуштени. Бохемија станала јадрото на новоформираната Република Чехословачка.

Демографија[уреди | уреди извор]

Попис од 1910[уреди | уреди извор]

Население по религија
Религија Бројност %
Римокатолици 6,475,835 95.66
Лутерани 98,379 1.45
Евреи 85,826 1.26
Калвинисти 78,562 1.16
Старокатолици 14,631 0.21
Гркокатолици 1,691 0.02
Моравска црква 891 0.01
Православни 824 0.01
Англиканци 173 0.00
Унитаријанци 20 0.00
Муслимани 14 0.00
Ерменци-католици 10 0.00
Липовани 9 0.00
Ерменци-православни 8 0.00
Менонити 4 0.00
Други 1,467 0.02
Неверници 11,204 0.16
Вкупно 6,769,548 100.00
Население по јазик
Јазик Бројност %
Чешкисловачки) 4,241,918 62.66
Германски 2,467,724 36.45
Полски 1,541 0.02
Рутенски 1,062 0.01
Словенечки 292 0.00
Хрватскисрпски) 190 0.00
Италијански (и ладински) 136 0.00
Унгарски 48 0.00
Романски 33 0.00
Други (претежно ромски) 56,604 0.83
Вкупно 6,769,548 100.00