Мерзебург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мерзебург
Мерзебург
Мерзебург
Мерзебург
Грб на Мерзебург
Мерзебург во рамките на Германија
Мерзебург
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Зале
Градоначалник Јенс Билинген (ДХС)
Основни податоци
Површина 55 км2
Надм. височина 88 м
Население 33.593 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 611 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SK
Пошт. бр. 06217
Повик. бр. 03461
Портал www.merseburg.de
Местоположба на градот Мерзебург во рамките на округот Зале
Карта
Карта
Координати 51°22′0″N 12°00′0″E / 51.36667° СГШ; 12.00000° ИГД / 51.36667; 12.00000Координати: 51°22′0″N 12°00′0″E / 51.36667° СГШ; 12.00000° ИГД / 51.36667; 12.00000
Војводство Саксо-Мерзебург
Herzogtum Sachsen-Merseburg
вазален

1656 – 1738
Местоположба на Саксо-Мерзебург
Мерзебург во 1650
Главен град Мерзебург
Уредување Кнежевство
Историски период Рана модерна ера
 -  Издвоено од
    Електорат Саксонија
  1656
 -  Вратено во Саксонија 1738

Мерзебург (германски: Merseburg) — град во јужниот дел на германската покраина Саксонија-Анхалт на реката Зале, околу 14 километри јужно од Хале (Зале). Главен град е на округот Зале. Била бискупија основана од надбискупот Адалберт од Магдебург. Универзитетот Мерзебург се наоѓа во градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Мерзебург бил првпат споменат во 850. Кралот Хенри I Птичар изградил кралска палата во Мерзебург; во 933 Битка кај Риаде, тој однел голема победа над Унгарците во близина.

Титмар од Мерзебург станал првиот бискуп на новосоздадената бискупија Прага во Бохемија, назначен во 973. Прага бил дел од надбискупија Мајнц 100 години претходно. Од 968 до протестантската реформација, Мерзебург бил седиште на бискупот од Мерзебург и покрај тоа што за време на резиденцијата на грофовите од Мајсен, била омилено место за престој на германските кралеви во текот на 10., 11. и 12. век. Петнаесет парламенти биле одржани тука во текот на средниот век, кога нејзините саеми уживале важност, која подоцна се префрлила на оние од Лајпциг. Градот неколкупати настрадал во текот на Германската селанска војна и во Триесетгодишната војна.

Од 1657 до 1738 Мерзебург бил резиденција на војводите од Саксо-Мерзебург, потоа паднал под Електорат Саксонија. Во 1815 по Наполеоновите војни, градот станал дел од пруската Провинција Саксонија.

Мерзебург е местото каде се откриени мерзебуршките баења во 1841. Пишувани на старогорногермански јазик, тие се дотогаш единствениот зачуван германски документ со паганска тема. Еден од нив е за ослободување на војници фатени во битка, а другиот е за лекување на коњска нога.

На почетокот на 20. век, Мерзебург бил претворен во индустриски град, што во голема мерка се должи на пионерската работа од луѓето како што се Карл Бош и Фридрих Бергиус, кои утврдиле научни основи за катализирање синтеза од амонијак од 1909 до 1913. Претпријатијата, исто така се придвижиле кон процесот на трансформација. На крајот на краиштата, се појави хемиски парк во блиската Лојна, кој е еден од најмодерните места од овој вид во Европа со високи еколошки стандарди.

Зале, катедралата и дворецот

Мерзебург бил тешко оштетен во Втората светска војна. Во 23 воздушни напади, 6.200 станови биле целосно или делумно уништени.[2] Историскиот центар бил скоро целосно уништен.

Кратко по војната дел од Саксонија-Анхалт, била администрирана во рамките на Bezirk Хале во Источна Германија. Станал дел од Саксонија-Анхалт повторно во текот на реобединувањето на Германија.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Меѓу најпознатите градби во Мерзебург се мерзебуршката катедрала Свети Јован Крстител (изградена во 1015, обновена во 13 и 16 век) и епископски дворец (15 век).

Целосното здание на катедралата и дворецот со извонредната дворска градина (Schlossgarten), Куќата на трговија во Мерзебург со културната сцена и германскиот хемиски музеј во Мерзебург ги зачувале спомените на историјата од Мерзебург. Дворскиот фестивал Мерзебург со историскиот дел, меѓународниот ден за концерти, оргулски денови Мерзебург и куклената фестивалска недела се прославуваат секоја година.

Познати жители[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Мерзебург е збратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  1. „Население по општини на 31 декември 2020 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2021. (германски)
  2. Eckardt Götz (1980) Schicksale deutscher Baudenkmale im zweiten Weltkrieg, Band 2, p. 332, Henschelverlag, Berlin

Надворешни врски[уреди | уреди извор]