Слободна Држава Олденбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слободна Држава Олденбург
Freistaat Oldenburg
држава на на Германија

1918–1946
 

 

Знаме Грб
Знаме Грб
Местоположба на Олденбург
Местоположба на Олденбург
Слободната Држава Олденбург (црвено) во рамките на Вајмарската Република
Главен град Олденбург
Управа република
Историја
 -  Основана 1918
 -  Укината 1946
Површина
 -  1925 6.427 км2
Население
 -  1925 545.172 жит.
Густина 84,8 жит/км2
Денес во Германија

Слободна Држава Олденбург (германски: Freistaat Oldenburg) — сојузна држава на Вајмарската Република.[1] Основана е во 1918 г. по абдикацијата на големиот војвода Фридрих Август II по Ноемвриската револуција.

Во 1937 г. државата ги изгубила ексклавните окрузи Ојтин кај балтичкото приморје и Биркенфелд во југозападна Германија, отстапувајќи ѝ ги на Прусија а за возврат го добила градот Вилхелмсхафен; сепак, ова било само формалност, бидејќи сојузните држави биле де факто укинати од националсоцијалистите уште во 1934 г..

На почетокот на Втората светска војна во 1939 г. како последица од територијалните промени Олденбург зафаќал површина од 5.375 км2 и броел 580.000 жители.

По Втората светска војна, Олденбург е споен со новосоздадената покраина Долна Саксонија како управен округ, и обете во 1949 г. станале дел од Западна Германија. Двете енклави влегле во покраините Шлезвиг-Холштајн односно Рајнската област-Пфалц.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Oldenburg: Die Staatsministerien 1918-1933“. www.gonschior.de. Посетено на 26 октомври 2017.