Илм (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Илм
Ilm-Kreis
Округ
Thuringia ik.png
Земја  Германија
Покраина Тирингија
Адм. цент. Арнштат
Површина
 • Вкупна 843 км2
Население (31 декември 2015)[1]
 • Вкупно 109.620
 • Густина 130/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. IK, ARN, IL
Мреж. место ilm-kreis.de

Илм (германски: Ilm-Kreis) — округ (Kreis) во Тирингија, Германија. Се граничи со (од север надесно) градот Ерфурт, окрузите Вајмар, Залфелд-Рудолштат и Хилдбургхаузен, градот Зул и окрузите Шмалкалден-Мајнинген и Гота. Бил именуван по реката Илм, која тече низ округот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во средновековни времиња, територијата била владеена од грофовите од Хенеберг и принцовите на Шварцбург, локални династии. Додека Илменау бил владеен од Хенеберг, Арнштат припаѓал на Шварцбург. Кога семејството Хенеберг исчезнало во 1583, Илменау било припоено кон Саксонија. Во меѓувреме, кнежеството Шварцбург се распаднало и се поделило на неколку мали држави. Една од овие држави (Шварцбург-Арнштат) имала резиденција во Арнштат; била основана во 1574 и се распаднала до 1716, кога се припоила кон Шварцбург-Зондерсхаузен. Оваа мала држава постоела до 1920, кога државата Тирингија била основана.

Округот бил основан во 1920 (под името Арнштат); бил поделен во 1952 во окрузите Арнштат и Илменау, но се споиле во 1994.

Географија[уреди | уреди извор]

Во нејзините јужни делови, округот вклучува делови на Тирингиската Шума, меѓу нив и највисоките точки на планинскиот масив, вклучувајќи го Гросер Берберг (Großer Beerberg) (982 м). На север, пејзажот се израмнува и станува низина, главно земјоделски површини.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот прикажува:
  • хералдички лав од кнежеството Шварцбург
  • кокошката од грофството Хенеберг
  • орелот од градскиот грб на Арнштат

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Слободни градови Слободни општини
  1. Арнштат
  2. Илменау
  3. Лангевизен
  4. Штатилм
  1. Амт Ваксенбург
  2. Илмтал
  3. Випфратал
  4. Волфсберг
Општински заедници

1. Гератал

  1. Ангелрода
  2. Елгерсбург
  3. Гераберг1
  4. Мартинрода
  5. Нојзис

2. Гросбрајтенбах

  1. Алтенфелд
  2. Белен
  3. Фридерсдорф
  4. Гилерсдорф
  5. Гросбрајтенбах1, 2
  6. Вилденшпринг

3. Лангер Берг

  1. Герен1
  2. Хершдорф
  3. Нојштат на Ренштајг
  4. Пеневиц

4. Оберес Гератал

  1. Франкенхајн
  2. Гелберг
  3. Гешвенда
  4. Госел
  5. Грефенрода1
  6. Либенштајн
  7. Плауе2

5. Ренштајг

  1. Фрауенвалд
  2. Шмидефелд на Ренштајг1
  3. Штицербах

6. Рихајмер Берг

  1. Алкерслебен
  2. Беслебен-Вилерслебен
  3. Дорнхајм
  4. Елебен
  5. Елкслебен
  6. Кирхајм1
  7. Остхаузен-Вилферсхаузен
  8. Рокхаузен
  9. Вицлебен
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]