Илменау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Илменау
Градско собрание на Илменау
Градско собрание на Илменау
Грб на Илменау
Илменау се наоѓа во Германија
Илменау
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Илм
Градски единици 6
Градоначалник Герд-Михаел Зебер (CDU)
Основни податоци
Површина 62,64 км2
Надм. височина 500 м
Население 26.153 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 418 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IK
Пошт. бр. 98693
Повик. бр. 03677
Портал www.ilmenau.de
Местоположбата на градот Илменау во рамките на округот Илм
Карта
Координати 50°41′02″ СГШ 10°55′10″ ИГД / 

Илменау (германски: Ilmenau) — град во округот Илм, во Тирингија, Германија.

Илменау се наоѓа во долината на реката Илм, на надморска височина од 431 метар и е најголемиот град во округот Илм, со повеќе од 6.200 студенти на Техничкиот универзитет Илменау Technische Universität Ilmenau. Околината на градот е опкружена од Тирингиската Шума и нејзините планини. Највисока точка во Илменау е Кикелхан (Kickelhahn, германски за петел, кој исто така е присутен на грбот на Илменау), со височина од 861 метар. Гете исто така сакал да престојува во Илменау, претежно како одмор.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името потекнува од германските зборови Ulmen (т.е. брестови) и Aue (т.е. долина, онаа низ која минува реката Илм, која била пошумена со брестови пред основањето на градот. „Градските животни“ на Илменау се кокошките и козите.

Географија[уреди | уреди извор]

Илменау се наоѓа помеѓу Тирингиската Шума на југозапад и пониските ридови и низини на североисток. Минералните ресурси, важни во историјата на Илменау, главно биле исцрпени.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Во градот влегуваат и пет соседни села, кои се наоѓаат во негова близина:

  • Оберперлиц
  • Унтерперлиц
  • Хајда
  • Рода
  • Манебах

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Знак на влезот на градот, кој вели „Универзитетски град Илменау, Округ Илм.

Близина[уреди | уреди извор]

Околу 80.000 луѓе живеат околу градот на површина од 540 км², што Илменау го прави нивен центар за работа, училишта, продавници и административни работи. Поголеми градови и села во близина се Грефенрода (3.600 жит.), Кенигзе (3.500 жит.), Герен (3.300 жит.) и Лангевизен (3.200 жит.).

Историја[уреди | уреди извор]

Главна железничка станица

Илменау бил основан во 13 век и првпат е споменат во 1273. Од 1341 ги добива градските права. Помеѓу 1660 и 1920 припаѓал на Саксо-Вајмар, додека порано владетели на градот биле династијата Кевернбург (сега Кефернбург (од Арнштат), династијата Шварцбург (од Арнштат, подоцна Рудолштат) и династијата Хенеберг (од Мајнинген).

Помеѓу 1471 до 1626, рудниците за бакар придонеле значително во економскиот развој на Илменау. Во 1611, овие рудници произведувале 38 тони бакар и 188 кг сребро. Производството ги достигнало овие бројки повторно во 1730-тите, во текот на кратката обнова на рударството под водството на Јохан Волфганг фон Гете. Подоцна, во 19 и 20 век, биле ископувани флуорит и манган.

На почетокот на 19 век, Илменау бил едно од неколкуте места, каде луѓето доаѓале за лечење со топла вода. До 1870, Илменау останал мал град од околу 3.000 жители, но по индустриската револуција, градот се зголемил. Се појавиле неколку фабрики за порцелан (Graf von Henneberg Porzellan од 1777), стакло (Sophienhütte од 1852) и играчки. Во 1879 градот добил железничка врска со Ерфурт (на север), 1881 до Герен/Гросбрајтенбах (на југоисток) и 1904 до Шлојзинген (на југозапад).

Универзитетот бил основан во 1894 како Thüringisches Technikum. Денес, тој го носи името Технички универзитет Илменау (Technische Universität Ilmenau). Европското првенство во санкање во 1934 се одржало во градот.

Во 1952 бил основан округот Kreis Ilmenau. Имал површина од 380 км² и население од околу 70.000 жители. Илменау бил главен град на овој округ. Во 1994, бил припоен со округот Kreis Arnstadt во новиот округ Илм, а Арнштат станал главен град.

Развој на бројот на жители[уреди | уреди извор]

  • 1799: 2.001
  • 1849: 2.791
  • 1875: 3.760
  • 1885: 5.483
  • 1900: 10.419
  • 1925: 13.614
  • 1940: 17.279
  • 1945: 21.862
  • 1961: 17.000
  • 1977: 22.700
  • 1981: 28.749
  • 1987: 29.500
  • 1995: 28.514
  • 2000: 27.176
  • 2005: 26.713

Економија[уреди | уреди извор]

Најстарата зграда на универзитетот

Во Илменау најмногу се произведува стакло, како и софтверски програми. Илменау има подобра економија отколку другите региони во Источна Германија и нејзината стапка на невработеност изнесува 11,3% (октомври 2009), што не се смета за многу висока.

Во Илменау е сместен и Техничкиот универзитет Илменау, на кој студираат повеќе од 6.200 студенти.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Низ градот поминуваат автопатот А4 (Ерфурт-Нирнберг), А87 (Илменау-Лајпциг) и А88 (Ајзенах-Илменау-Јена). Сојузниот автопат Б71 од Ерфурт до Вирцбург поминува пет километри на север. Сè уште функционира железничкиот сообраќај кон Ерфурт, додека на другите железнички линии до Шлојзинген и Гросбрајтенбах нема сообраќај. Брзата железничка линија Нирнберг-Ерфурт во близина е во изградба.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Илменау е збратимен со:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]