Гератал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гератал
Гератал is located in Германија
Гератал
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Илм
Месни единици 6
Градоначалник Доминик Штраубе (ДХС)
Основни податоци
Површина 82,33 км2
Надм. височина 490 м
Население 8.884 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 108 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IK
Пошт. бр. 98716, 99330, 99338
Повик. бр. 036205, 036207, 03677
Портал www.gemeinde-geratal.de
Местоположба на Гератал во рамките на округот Илм
Карта
Координати 50°45′0″N 10°49′0″E / 50.75000° СГШ; 10.81667° ИГД / 50.75000; 10.81667Координати: 50°45′0″N 10°49′0″E / 50.75000° СГШ; 10.81667° ИГД / 50.75000; 10.81667

Гератал (германски: Geratal) — општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија.

Се наоѓа на северниот раб од Тириншката Шума околу 30 километри југозападно од покраинскиот главен град Ерфурт и била новосоздадена при општинската реформа во 2019 година. Била именувана по реките Вилде Гера и Цаме Гера, кои течат низ местата. Седиште на општинската администрација е најголемото место Грефенрода.

Во местото Гераберг се наоѓа седиштето на општинската заедница Гератал/Плауе, на која не е нејзин составен дел.

Географија[уреди | уреди извор]

Местата на општината се наоѓаат на северниот раб на Тириншката Шума помеѓу Арнштат и Оберхоф. На реката Вилде Гера се наоѓа главното место Грефенрода, како и малото село Либенштајн со неговиот замок. Северозападно се наоѓаат местата Франкенхајн и Госел. Југоисточно се наоѓа долината на Цаме Гера, на која се наоѓа второто најголемо место Гераберг. Во страничната долина на потокот Вирбах се наоѓа Гешвенда, помеѓу Грефенрода и Гераберг.

Највисока точка на општината е Екартскопф со височина од 815 метри, додека најниска точка е долината на Вилде Гера помеѓу Либенштајн и Плауе на 350 метри.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Места во Гератал

Општината се состои од местата Грефенрода (со имотот Дерберг), Гешвенда, Гераберг (спојување на селата Гера и Арлесберг во 1923 година), Франкенхајн, Либенштајн и Госел.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини од север надесно се: Амт ВаксенбургАрнштатПлауеМартинродаЕлгерсбургЗулОберхофОрдруф.

Историја[уреди | уреди извор]

Општината била создадена на 1 јануари 2019 година со спојување на претходните самостојни општини Франкенхајн, Гераберг, Гешвенда, Госел, Грефенрода и Либенштајн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. 31 декември 2019. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]