Прејди на содржината

Шлојзинген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шлојзинген

Schleusingen

Градското собрание на Шлојзинген
Градското собрание на Шлојзинген
Градското собрание на Шлојзинген
Грб на Шлојзинген
Шлојзинген во рамките на Германија
Шлојзинген
Управа
Земја Германија
ПокраинаТирингија
ОкругХилдбургхаузен
Градски единици18
ГрадоначалникАндре Хенеберг
Основни податоци
Површина125,59 км2
Надм. височина372 м
Население 10.620 (31 декември 2022)[1]
 - Густина85 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.HBN
Пошт. бр.98553
Повик. бр.036841
Порталwww.schleusingen.de
Местоположба на градот Шлојзинген во рамките на округот Хилдбургхаузен
Карта
Карта
Координати50°31′0″N 10°45′0″E / 50.51667°N 10.75000°E / 50.51667; 10.75000

Шлојзинген (германски: Schleusingen) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на 10 километри северно од окружниот град Хилдбургхаузен и 12 километри југоисточно од слободниот град Зул.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот е сместен во историско-географската област Хенебергер Ланд, а своето име го добил од реката Шлојзе, која поминува јужно од градското јадро. Низ самиот град поминува потокот Нае, кој се влева во Шлојзе. Северно од градот, потокот Ерле, пак, се влева во Нае.

На подрачјето на градот се наоѓа Адлерсберг на височина од 850 метри.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Градското подрачје е поделено на седумнаесет единици:

  • Алтендамбах
  • Брајтенбах
  • Ерлау
  • Фишбах
  • Гајзенхен
  • Гетлес
  • Готфридсберг
  • Хекенгеројт
  • Хиршбах
  • Хинтерна
  • Оберод
  • Рапелсдорф
  • Рачер
  • Шлојзингернојндофр
  • Зилбах
  • Санкт Килијан
  • Валдау

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Советот на градот Шлојзинген се состои од 24 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партија/ЛистаМеста+/–
FWS7+ 4
CDU7− 3
SPD4+ 2
Левица2± 0
FWW2+ 2
Актив1− 1
BZH1+ 1

На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.

Градоначалник

[уреди | уреди извор]
  • 1990 – јуни 2018: Клаус Бродфирер (CDU)
  • од ноември 2018: Андре Хенеберг (FWS)

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Шлојзинген е збратимен со следниве градови:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]