Штатилм
| Штатилм
Stadtilm | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Тирингија |
| Округ | Илм |
| Градски единици | 22 |
| Градоначалник | Ларс Петерман (независен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 120,26 км2 |
| Надм. височина | 360 м |
| Население | 8.311 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 69 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | IK |
| Пошт. бр. | 99326 |
| Повик. бр. | 03629 |
| Портал | www.stadtilm.de |
| Местоположба на градот Штатилм во рамките на округот Илм | |
| Координати | 50°46′30″N 11°4′51″E / 50.77500°N 11.08083°E |
Штатилм (германски: Stadtilm) — мал град во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Илм, 15 километри североисточно од Илменау и 11 километри југоисточно од Арнштат.
Географија
[уреди | уреди извор]Штатилм се наоѓа на брегот на реката Илм. На левиот брег од Илм се наоѓаат Шперлингсберг и Вајнберг, додека на десниот брег се наоѓаат Бухберг и Хаунберг. Најголем дел од градското подрачје се состои од полиња, додека помал дел се шуми. Покрај Илм низ западните делови на градското подрачје тече Випфра. Највисока точка во областа е Зингенер Берг со 583 метри.
Градското јадро се наоѓа во средишниот дел на градското подрачје.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Почнувајќи на север и надесно, градот се граничи со Беслебен-Вилерслебен, Вицлебен, Кранихфелд, Рудолштат, Кенигзе, Илменау и Арнштат.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот се состои од 22 градски единици:
- Беринген
- Котендорф
- Динштет
- Делштет
- Дернфелд на Илм
- Еренштајн
- Гајлсдорф
- Геселборн
- Грисхајм
- Гросхетштет
- Грослибринген
- Хамерсфелд
- Хоес Кројц
- Клајнхетштет
- Клајнлибринген
- Навинден
- Нидервилинген
- Обервилинген
- Естереда
- Зинген
- Штатилм со Оберилм
- Трасдорф
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет на Штатилм се состои од 20 членови. Распределбата на местата по години била следна:[2]
| Изборна година | CDU | SPD | FDP1 | Linke2 | FWG | VSB | NF | DFD | BA3 | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1990 | 12 места | 11 места | 2 места | 1 место | 2 места | 1 место | 1 место | 30 места | ||
| 1994 | 8 места | 9 места | 1 место | 2 места | 20 места | |||||
| 1999 | 11 места | 6 места | 1 место | 2 места | 20 места | |||||
| 2004 | 7 места | 6 места | 1 место | 3 места | 3 места | 20 места | ||||
| 2009 | 5 места | 5 места | 1 место | 3 места | 2 места | 16 места | ||||
| 2014 | 6 места | 4 места | 1 место | 3 места | 2 места | 16 места | ||||
| 2019 | 5 места | 2 места | 1 место | 2 места | 2 места | 8 места | 20 места |
1 1990 како Сојуз на слободни демократи, подоцна споени со ФДП 2 до 2007: Партија на демократскиот социјализмот (PDS)
3 BA: Граѓански сојуз Илмтал-Штатилм
Градоначалник
[уреди | уреди извор]| Мандат | Име | Партија |
|---|---|---|
| 01.07.2000 | Јоахим Гинзел | SPD |
| 01.07.2012 | Ларс Петерман | независен |
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Штатилм е збратимен со следниве градови:
Галерија
[уреди | уреди извор]- Градското собрание
- Железничкиот вијадукт низ градот
- Градските ѕидини
- Градскиот плоштад
- Градската црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
- ↑ „Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen, Plaue, Stadt“ (германски). Thüringer Landesamt für Statistik. Посетено на 2019-06-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Штатилм на Ризницата ?- Матична страница (германски)
| ||||||||
|


