Зонеберг (округ)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Оваа статија се однесува на округот во Тирингија. За окружниот град, погл. Зонеберг.
Зонеберг Landkreis Sonneberg | |
---|---|
Округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Тирингија |
Седиште | Зонеберг |
Површина | |
• Вкупна | 433 км2 (167 ми2) |
Население (31 декември 2019)[1] | |
• Вкупно | 57.717 |
• Густина | 130/км2 (350/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | SON, NH |
Мреж. место | lkson.de |
Зонеберг (германски: Sonneberg) — округ во јужниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) окрузите Хилдбургхаузен, Залфелд-Рудолштат и баварските окрузи Кронах и Кобург.
Историја[уреди | уреди извор]
Округот бил создаден во 1868, кога биле воведени окрузите во Саксо-Мајнинген. Во 1952, делови на округот биле одвоени и префрлени во новосоздадениот округ Нојхаус на Ренвег. Во 1994, Нојхаус на Ренвег бил распуштен и округот Зонеберг ја добил својата првобитна големина.
Географија[уреди | уреди извор]
Округот се наоѓа на јужните падини на планините на Тирингиската Шума. Пејзажот се спушта од високите ридови од над 800 метри (највисоката точка е Блесберг (Bleßberg) со 863 метри) до пониските делови во округот.
Грб[уреди | уреди извор]
![]() |
Грбот прикажува симболи од историските држави кои постоеле на територијата на округот. Во горниот лев дел се наоѓа лавот како симбол на грофството Мајсен. Во горниот десен дел е симболот на грофовите од Зонеберг, каде се вклучени и ножици за овци. Во долниот лев дел е прикажан симболот на грофовите од Шаумберг-Рауенштајн и долниот десен дел го покажува грбот на Саксонија. |
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Слободни градови | Слободни општини | |
---|---|---|
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. 31 декември 2019. (германски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална страница (германски)
|
Координати: 50°25′ N; 11°10′ E / 50.42° N; 11.17° E
|