Зонеберг (германски: Sonneberg) — град во сојузната покраина Тирингија, во Германија, кој претставува и административно седиште на истоимениот округ. Долго бил сметан за центар на индустријата на играчки и сè уште е добро познато по тоа. Во градот се наоѓа и PIKO, железнички производител, кој станал еден од малкуте претпријатија од ваков вид во земјите од Варшавскиот патк и како таков ги снабдувал со возови сите железници на земјите од советскиот блок. Во Зонеберг се наоѓа и Музејот за германски играчки („Deutsches Spielzeugmuseum“).
Во поделената повоена Германија, Зонеберг „неприродно“ се нашол одвоен од неговиот голем соседен град Кобург и поради тоа морал да се насочи кон север. Бил опслужуван со неприродно кривулеста железничка линија и така станал изолиран од остатокот на Источна Германија. Неговата железничка станица е класифицирана како главна железичка станица и е опслужувана на линијата Кобург-Зонеберг.
Од 31 декември 2013, кога поранешната општина Оберланд на Ренштајг била припоена кон Зонеберг, следниве села исто така се дел од Зонеберг: Хазелбах, Ешентал, Хазентал, Хитенгрунд и Шпехтсбрун.