Франкенблик
Изглед
Франкенблик | |
Општинското собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Зонеберг |
Градоначалник | Уте Милер-Готе (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 60,65 км2 |
Надм. височина | 395 м |
Население | 5.707 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 94 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SON |
Пошт. бр. | 96528, 96529 |
Повик. бр. | 03675, 036766 |
Портал | frankenblick.eu |
Местоположба на Франкенблик во рамките на округот Зонеберг | |
Координати | 50°22′N 11°4′E / 50.367° СГШ; 11.067° ИГД |
Франкенблик (германски: Frankenblick) — општина во округот Зонеберг, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Била создадена на 1 јануари 2012 година со спојување на поранешните општини Ефелдер-Рауенштајн и Менгерсгеројт-Хемерн.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Франкенблик се наоѓа во југозападниот дел на областа Франконија. Општинското подрачје се граничи со Франкенвалд на исток и со Тириншките Шкрилни Планини на север.[2]
Јужната граница на општината е истовремена и окружна и покраинска граница со Баварија.
На запад се граничи со градот Шалкау, на север со градот Нојхаус на Ренвег и градот Штајнах, на исток со окружниот град Зонеберг, а на југ со Редентал и Нојштат кај Кобург (обете во округот Кобург, Баварија).
Општински единици
[уреди | уреди извор]Кон општината Франкенблик припаѓаат следниве места:
- Делау
- Ефелдер (со Блатерндорф)
- Гримпен
- Мешенбах
- Рабенојсиг (со Фихтах, Хоетан и Мелхерсберг)
- Рауенштајн
- Рикерсвинд
- Зелтендорф (со Велхендорф)
- Менгерсгеројт-Хемерн (со Шихтсхен, Форшенгеројт, Менгерсгеројт и Хемерн)
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црква во Ефелдер
-
Руини во Рауенштајн
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
- ↑ Heinz Späth: Geographische Landesaufnahme: Die naturräumlichen Einheiten auf Blatt 141 Coburg. Bundesanstalt für Landeskunde, Bad Godesberg 1987. → Online-Karte (PDF; 5 MB)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Франкенблик на Ризницата ?
|
|