Кифхојзер

Координати: 51°23′0″N 11°05′0″E / 51.38333° СГШ; 11.08333° ИГД / 51.38333; 11.08333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кифхојзер
Kyffhäuser
Поглед на Кифхојзер и споменикот од Тиледа
Највисока точка
ВрвКулпенберг
Надм. височина473 м
Координати51°23′0″N 11°05′0″E / 51.38333° СГШ; 11.08333° ИГД / 51.38333; 11.08333
Географија
Кифхојзер is located in Германија
Кифхојзер
Местоположба на Кифхојзер во Германија
Земји Германија
ПокраиниТирингија и Саксонија-Анхалт
Геологија
Горообразбахерцинска
Вид карпапесочник, конгломерат
карбонски нанос,
метаморфни карпи

Кифхојзер (германски: Kyffhäuser) — ридски масив, кој се наоѓа на границата на германската покраина Тирингија со Саксонија-Анхалт. Се наоѓа на јужниот дел од Харц. Масивот има должина од 19 и ширина од 7 км. Ја достигнува највисоката точка на Кулпенберг (473,4 м),[1] кој се наоѓа во Тирингија. Кифхојзер е значаен за германската традиционална митологија како место за одморање на царот Фридрих Барбароса, кој се удавил на 10 јуни 1190 г. во реката Ѓоксу близу Силифке во текот на Третата крстоносна војна.[2]

Името Кифхојзер веројатно потекнува од cuffese што означува глава или врв. Населбата Тиледа на северните падини веќе била спомната на почетокот на IX век од Breviarium Lulli како Dullide, имот на опатијата Херсфелд. Царскиот имот кај Тиледа е потврден со венчавката на зарицата Феофану во 972 г. Првиот замок на ридот над населбата бил поставен од светиот римски цар Хајнрих IV во текот на неговиот конфликт со Саксонците. Неговиот син Хајнрих V ги наследил кавгите и замокот конечно бил поседуван од саксонкиот војвода (подоцна цар) Лотар Суплинбуршки во 1119 г. Самиот Лотар ја започнал обновата и Reichsburg Kyffhausen бил завршен под власта на царот Фридрих Барбароса.

Според легендата, Барбароса всушност не е умрен, туку спие во скриена комора под ридовите Кифхојзер, седејќи на камена маса. Неговата брада, наводно расте толку долго со векови, што расте низ масата. Како сличната легенда за Кралот Артур, Барбароса наводна чека момент за неговата земја, кога повторно ќе се појави на ридот. Присуството на габраните околу врвот на Кифхојзер се вели дека е знак за продолжување на присуството на Барбароса.

Денес, ридовите се туристичка атракција, на кои е обновен средновековниот замок од XI век. На самата планина се наоѓа Кифхојзерскиот споменик, изграден во 1896 г., кој ги прикажува царевите Вилхелм I и Фридрих Барбароса.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Map services of the Federal Agency for Nature Conservation]]
  2. Sven Frotscher: Der Kyffhäuser - Natur, Geschichte, Architektur, Denkmale Europas. Artern 1996, ISBN 3-00-000509-9

Надворешни врски[уреди | уреди извор]