Остероде (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Остероде
Landkreis Osterode
Округ
Грб на ОстеродеLandkreis Osterode
Грб
Lower Saxony OHA.svg
Земја  Германија
Покраина Долна Саксонија
Адм. цент. Остероде
Површина
 • Вкупна 636 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 74.367
 • Густина Лошо заокружување120/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. OHA
Мреж. место landkreis-osterode.de

Остероде (германски: Landkreis Osterode) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Гетинген, Нортхајм и Гослар како и со покраината Тирингија (окрузите Нордхаузен и Ајхсфелд). Округот ќе се распушти на 1 ноември 2016 година и ќе влезе во составот на новиот округ Гетинген.

Историја[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од XII век, овој дел од Харц бил под власта на династијата Велфен. Остероде бил центар на кнежевството Брауншвајг-Грубенхаген, една од повеќето составни делови на војводството Брауншвајг-Линебург. Подоцна кнежевството потпаднало под власта на Хановер, кое пак во 1866 година е припоено кон Прусија. Во 1885 година пруските власти воспоставиле окрузи, меѓу кои и Остероде.

Географија[уреди | уреди извор]

Преку две тритини од површината на округот му припаѓа на планинскиот масив Харц, вклучувајќи го јужниот дел на Националниот парк Харц.

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот прикажува два хералдички лавови. Лавот во горниот дел е од грбот на Хановер, додека долниот лав ја претставува династијата Велфен.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Слободни општини Слободни области Општински заедници
  1. Бад Лаутерберг
  2. Бад Закса
  3. Херцберг на Харц
  4. Остероде
  1. Бад Грунд
  1. Харц

1. Хаторф на Харц

  1. Вулфтен на Харц
  2. Елбингероде
  3. Хаторф на Харц1
  4. Херден на Харц

2. Валкенрид

  1. Валкенрид1
  2. Вида
  3. Цорге
1седиште на општинската заедница;2град

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]