Прејди на содржината

Харц (округ Гослар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на областа во округот Гослар

Харц (округ Гослар) (германски: Harz (Landkreis Goslar)) — слободна област во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Ненаселената област се наоѓа на планинскиот масив Харц. Со големина од 371,76 км² (31 декември 2006) е најголемата слободна област во Германија. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 1 53 504. Површината се протега преку делови на Горен Харц од Зезен/Лангелсхајм на северозапад до Хоегајс на југ во округот Гослар. Слободната област Харц во округот Гослар поседува многу енклави: така, градот Вилдеман и местото Алтенау-Шуленберг во Горен Харц на градот Клаустал-Целерфелд, градскиот дел Санкт Андреасберг и други населби (повеќето викенд-населби) се потполно исклучени.

Администрацијата на слободната област припаѓа на шумскиот округ Клаустал.

Историја

[уреди | уреди извор]

Слободната област Харц била создадена на 1 јули 1972 година со поделба на округот округот Целерфелд на обата окрузи Гослар и Остероде на Харц: тогашната слободна област Харц била поделена на две слободни области, Харц (округ Гослар) и Харц (округ Остероде).

На 1 јануари 1980 година биле додадени слободните области Браунлаге, Гителде, Хахаузен, Харцбург II, Хоегајс, Лангелсхајм, Рихенбергер Клостерфорстен, Зезен I, Зезен II и Волфсхаген во слободната област Харц (округ Гослар). Пред проширувањето на округот Гослар припаѓале на окрузите Бланкенбург, Гандерсхајм и Волфенбител.