Гибел (слободна област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Местоположбата на областа во округот Гифхорн

Гибел (германски: Giebel) — слободна област во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа во истоименото мочуриште Гибел, дел од Дремлинг.

Областа има површина од 10,36 км².[1] Областа е заокружена од општинската заедница Броме и се граничи си нејзините членови Риен (на југ и на запад) и Парзау (на исток и на север, како и со ексклавата на југ), како и со градот Ебисфелде-Веферлинген (единицата Бухорст), во округот Берде, Саксонија-Анхалт.

Слободната област е ненаселена. Станбената единица „Гибел, Форстхаус“ се води како ексклава со површина од 400 на 200 метри на општината Парзау. Од статистички причини се води под бројот 03 1 51 501.[1]

До 1974 година, областа припаѓала на округот Хелмштет.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]