Хелмштет (слободна област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на областа во округот Хелмштет

Хелмштет (германски: Helmstedt) — слободна област во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседниот окружен град Хелмштет.

Областа има површина од 18,56 км2[1] и се граничи на запад со градот Хелмштет и на север со слободната област Мариентал во истиот округ. На исток и на југ се граничи со округот Берде во сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Слободната област е ненаселена. Од статистички причини се води под бројот 03 1 54 502.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]