Венцен (слободна област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Местоположбата на областа во округот Холцминден

Венцен (германски: Wenzen) — слободна област во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од градската единица Венцен на градот Ајнбек во округот Нортхајм. Областа целосно се наоѓа на ридовите Хилс.

Има површина од 15,84 км2[1] и се граничи со слободната област Ајмен на запад, со слободната област Гриненплан на север и со општината Делигзен на север и на исток во истиот округ. Покрај нив, на југ се граничи со градот Ајнбек во округот Нортхајм.

Слободната област е ненаселена. Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 2 55 507.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]