Гарте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гарте
Garte Leine.JPG
Устието на Гарте во Лајне, јужно од Гетинген
Место Долна Саксонија, Германија
Должина 23 км
Извор во Вајсенборн
51°26′22″ N; 10°07′44″ E / 51.4395° N; 10.1288° E / 51.4395; 10.1288Координати: 51°26′22″ N; 10°07′44″ E / 51.4395° N; 10.1288° E / 51.4395; 10.1288
Висина на изворот 303 м над мор. ниво
Утока јужно од Гетинген во Лајне
51°18′06″ N; 9°33′32″ E / 51.3016° N; 9.559° E / 51.3016; 9.559
Висина на утоката 152 м над мор. ниво
Спуст 151 м
Слив Везер
Одлив Лајне → Алер → Везер → Северно Море
Слив 87,2 км² [1]
Десни притоки Глазехаузенер Бах, Бернсродер Бах, Брамке, Ленгдер Бах, Ајхбах
Леви притоки Мосгрунд, Бишхојзер Бах

Гарте (германски: Garte) — десна притока, долга 23 километри, на реката Лајне, во округот Гетинген, во јужниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Изворот на Гарте се наоѓа источно од Вајсенборн, место во општината Глајхен, недалеку од границата со Тирингија. Од тука тече кон север. Кај Вајлер Шарлотенбург од десна страна во нејзе се влева Глазехаузенер Бах. Од тука тече кон северозапад, поминувајќи низ Бајенроде (устие на Мосгрунд), Керстлингероде, Ритмарсхаузен (устие на Бернсродер Бах) и Велмарсхаузен. Од тука тече кон запад. Кај Бенихаузен, во Гарте од лево се влева Бишхојзер Бах. Неколку километри кај Клајн Ленгден се влева Брамке, а потоа и Ленгдер Бах и Ајхбах. По два километри кон Димарден, Гарте повторно го менува својот тек кон северозапад. Источно од Росдорф и јужно од Гетинген, Гарте се влева во реката Лајне.

На 23-километарскиот тек, Гарте поминува висинска разлика од 151 метар. Просечниот наклон изнесува 6,6‰.

Притоки[уреди | уреди извор]

  • (непознато име, доаѓа од Вајсенборн) (Л)
  • Глазехаузер Бах (Д)
  • Мосгрунд (Л)
  • Бернсродер Бах (Д)
  • Бишхојзер Бах (Л)
  • Брамке (Д)
  • Ленгдер Бах (Д)
  • Ајхбах (Д)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Thüringer Landesanstalt für Umwelt (Hrsg.): Gebiets- und Gewässerkennzahlen (Verzeichnis und Karte). Jena 1998. 26S.