Алтес Ланд
Алтес Ланд (герм. Altes Land) — површина на рекултивирани мочуришни површини во делови на Долна Саксонија и Хамбург. Областа се наоѓа низводно од Хамбург на југозападниот речен брег на Елба околу градовите Штаде, Букстехуде, Јорк и заедницата на општини Лие. Во Хамбург ги вклучува квартовите Нојенфелде, Кранц, Франкоп и Финкенвердер.
Областа – најголемиот постојан произдител на овошје во Средна Европа – се протега на 143 км². 76,8% од овошјата се јаболка, 12,7% се цреши.[1] Областите најблиску до Елба се оние со најголемо население. Тие ги вклучуваат најплодните мочуришта.
Плодната земја довела до развој на културата предводена од земјоделството. Селата се познати како Marschhufendörfer, специјален вид на село, каде што дворовите на фармите се поставени долж улицата со земјата директно позади нив. Одлика е исто така и богато украсените полудрвените фарми со нивните големи порти.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Службеното стандардно германско име на областа е Altes Land, што означува „стара земја“. Меѓутоа, Altes Land е грешка во превод на првичното долногерманското Olland, кое првично нема ништо со „старо“: Потекнува од Holland. Се однесува на првичното култивирање на областа и колонизирање од холандските доселеници. Првиот договор за колонизација потекнува од 1113 и бил потпишан во текот на годините на надбискупот Фридрих I на Бремен. Една од општините на Алтес Ланд е Холерн, име кое доаѓа од Holländer (германски за Холаѓани). Меѓутоа, грешката во преводот на Olland како Altes Land сега има полн круг, откога повеќето долносаксонски говорници денес за регионот говорат како dat Ole Land (букв. „старата земја“).
Географија и историја
[уреди | уреди извор]Алтес Ланд е поделен во три „милји“ (германски Meilen); прва, втора и трета милја. Овие милји се зоните должи бреговите на реката Елба. Првата милја, помеѓу реките Швинге и Лие, прва била заградена со насипи и оттогаш населена околу 1140. Втората милја е областа источно од првата, помеѓу Лие и Есте, област која била заградена на крајот на XII век. Третата милја, наречена Terra Nova (нова земја), помеѓу Есте и Елба, бил заградена дури на крајот на XV век, кога областа била особено погодена од плимата во невремето.[2]
До 2008 туризмот играл главна улога во локалната економија, особено во текот на сезоните на цветањето на црешите и на јаболката. Меѓутоа, делови од овоштарниците полека се заменуваат со станбени објекти. Многу од овие нови домови потоа се продаваат или изнајмуваат на лица, кои работат во соседниот Хамбург.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Altländer ABC“ (германски). 900jahreneuenfelde.de. Посетено на 2008-10-01.
- ↑ Руоф, Мануел (2005). „Sieveking, Kurt“. Лексикон Хамбур (3. изд.). Ellert&Richter. стр. 437. ISBN 3831901791. (германски) Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „hhlex“ е зададен повеќепати со различна содржина.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Алтес Ланд“ на Ризницата ? |
- 3 Мајлен фор Хамбург - службено мрежно место на Altes Land туристичката асоцијација