Штаде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Штаде

Stade

Квечерина над Ханзиното пристаниште во градот Штаде (2018)
Квечерина над Ханзиното пристаниште во градот Штаде (2018)
Грб на Штаде
Штаде is located in Германија
Штаде
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Штаде
Градоначалник Зенке Хартлеф (ДХС)
Основни податоци
Површина 110,03 км2
Надм. височина 9 м
Население 47.703 (31 декември 2019)[1]
 - Густина 434 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. STD
Пошт. бр. 21680, 21682–21684
Повик. бр. 04141, 04146
Портал www.stade.de
Местоположба на градот Штаде во рамките на округот Штаде
Карта
Координати 53°36′3″N 9°28′35″E / 53.60083° СГШ; 9.47639° ИГД / 53.60083; 9.47639Координати: 53°36′3″N 9°28′35″E / 53.60083° СГШ; 9.47639° ИГД / 53.60083; 9.47639

Штаде (службено: Ханзин град Штаде; германски: Stade или Hansestadt Stade; долногермански: Stood или Hansestadt Stood) — град во истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 25 километри југозападно од градот Хамбург.

Градот со околу 50.000 жители (септ. 2017 г.) се наоѓа на југозападниот брег на Долна Елба, околу 45 километри западно од Хамбург и околу 60 километри источно од Куксхафен, на работ на областа Алтес Ланд и припаѓа на метрополитенската област Хамбург. Низ градското подрачје тече Швинге, која се влева околу 4 километри североисточно од центарот на градот во Елба.

Штаде во минатото бил седиште на истоимениот административен округ и до денес поседува бројни централни установи.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Штаде се наоѓа на реката Швинге помеѓу областите Алтес Ланд и Кединген, недалеку од Долна Елба. Непосредната околина е главно рамно мочуриште.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот се состои од градското јадро и од четири места: Бицфлет (со Абенфлет, Бицфлетермор, Гецдорф), Хадорф, Хаген (со Штајнбек) и Випенкатен.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите луѓе во областа на Штаде се населиле 30.000 години п.н.е..

Од 1180 година Штаде припаѓал на Надбискупијата Бремен. На почетокот на 1208 година, кралот Валдемар II Дански и неговите трупи го освоиле Штаде. Во август, братучед на кралот го преземал градот од него, но го изгубил набрзо.[2] Во 1209 година, царот Отон IV го убедил својот сојузник да се повлече северно од Елба и Штаде повторно се вратил во надбискупијата.

На 2 мај 1209 година, Отон IV му доделил градски права на Штаде. Отон IV потврдил дека граѓаните се слободни и ги признал како посебен политички член со нивно право.[3] Имотот во рамки на градското подрачје не можел да биде предмет на феудално владение и можел да биде наследуван. Биле воведени слободни судски пракси и обезбедени максимални казни. Отон IV самиот се обврзал да ги спречи граѓаните да бидат земени за заложници и да ги ослободи заробените граѓани.

Откако Отон IV го сменил својот став и повторно поставил надбискупот Валдемар со седиштето во 1211 година, Валдемар II повторно го освоил Штаде. Во 1213 година, постариот брат на Отон, грофот Хајнрих V од Рајна го освоил Штаде за надбискупот. Во 1215 година, Хајнријх одбранил уште еден дански напад на Штаде. Во зимата 1216 година, Валдемар II и неговите дански трупи, не можејќи да го заземат градот Штаде, ја разориле Грофовијата Штаде. Оттогаш, Штаде останал дел од Надбискупијата Бремен.

Во средниот век (од XIII до крај на XVII век), Штаде бил важен член на Ханзата, но подоцна бил засенет од Хамбург. Во 1611 година, градот потпишал договор со сефардските Евреи, дозволувајќи им да основаат заедница. Во 1613 година, Јохан Фридрих, администратор на надбискупијата, дозволил населување на ашкенашки Евреи во градот, но сепак Евреите дошле по 1630 година поради католичко-лутеранските борби за превласт на градот. Во 1648 година со Вестфалскиот договор, Надбискупијата Бремен имала уставна промена од надбискупија во монархија и се создало Војводство Бремен. Војводското и соседното Кнежевство Верден, обично биле нарекувани Бремен-Верден, со Вестфалскиот договор биле доделени како апанажа на Шведска. Штаде, веќе под шведска оупација од 1645 година, бил дел од шведската покраина Бремен-Верден-Вилдесхаузен од 1645 до 1712 година и некои од градбите изградени од Швеѓаните се користат и денес.

Шведска тврдина[уреди | уреди извор]

Штаде во 1640 година

Развојот на Штаде траел до Триесетгодишната војна. ВО 1628 година, Тили го освоил градот; кратко потоа, Шведска го преземал и го држела до 1636 година. По периодот на данска окупација, Шведска конечно го освоила повторно во 1643 година и службено добила посед на него, заедно со Надбискупијата Бремен со Вестфалскиот мир. Две третини од градот биле уништени во големиот пожар на 26 мај 1659 година. Градот повторно бил подигнат по истиот план.

Од 1675 до 1676 година, во Шведско-бранденбуршката војна, шведскиот Штаде бил освоен од Данска и неколкуте држави на страната на Светото Римско Царство и останал во сојузничките раце до крајот на војната во 1679 година. Штаде, како седиште на шведскиот Стадхалтер, бил под опсада од почетокот на април 1676 до 13 август 1676 година. Со договорот од Сен Жермен во 1679 година, Штаде повторно бил доделен на Шведска.

Царинарницата на Елба близу Штаде, во Брунсхаузен на устието на Швинге, одиграла посебна улога во трговијата на реката Елба од периодот на надбискупијата. Во 1663 година, Швеѓаните поставиле царинска фрегата на Елба како постојан патролен брод. Ова продолжило и од другите владетели до 1850 година, додека самата царинарница на Швинге работела до 1865 година.[4]

Шведската власт завршила во 1712 година. Данските трупи го опколиле градот во Големата северна војна и го бомбардирале од 29 август до 7 септември 1712 година, со што уништиле 152 куќи, четвртина од станбената површина.

Во текот на шведското владеење, Штаде бил административно седиште на покраината.

Данско владеење[уреди | уреди извор]

Во 1712 година, Данска го освоиле Штаде, како и Бремен-Верден. Штаде останал административно седиште на Бремен-Верден, исто и кога Данците го предале на Изборното кнежевство Хановер во 1715 година. Кога во 1823 година, Бремен-Верден бил заменет од други административни единици, Штаде продолжил да биде главен град на административниот округ Штаде.

Во 1355 и во 1712 година, Штаде имал епидемии на чума, која убила најмалку 30-40% од градското население.

Ран современ и современ период[уреди | уреди извор]

Поранешната синагога Штаде (2016 г.)

Во 1757 година по француското освојување на Хановер, војска на набљудување на чело на војводата Вилијам Август се засолниле во Штаде. Војводата се подготвил да го одбрани градот пред да се согласи на Цевенската конвенција која донела привремено примирје.

До крајот на XVII век, ашкенашките Евреи повторно се појавиле во Штаде. Во 1842 година, Кралството Хановер им доделило исти права на Евреите и дозволило да се основаат еврејски заедници и регионални тела во рамки на државата (рабинати). Евреите во Штаде го сметале ова како напредок, но и товар, бидејќи никогаш претходно немало рабин поради финансиските трошоци. Во 1845 година – според новиот закон – во градот бил основан ланд-рабинат на чело на Јозеф Хајлбут, кој опслужувал 16 еврејски заедници, кои биле основани низ годините во целата областа Штаде со вкупно 1.250 Евреи во 1864 година (највисок број некогаш достигнат). Локалните власти побарале еврејските заедница да основаат синагоги и еврејско образование за младинците.

Во 1849 година била отворена синагогата во Штаде, но морала да биде затворена во 1908 година поради финансиски ограничувања. Заедницата во Штаде имала свој учител за јудаизмот, но по 1890 година не можела повеќе да го плаќа. Од 1903 година, еврејската заедница во Штаде добила јавни средства за да продолжи да работи. Штаде не добил друг рабин по 1860 година и бил опслужуван од другите три хановерски рабини. Со иселувањето кон урбаните центри надвор од областа, еврејската заедница започнала да се намалува (786 во 1913, 716 во 1928).[5][6] Меѓутоа, повеќето од преостанатите Евреи биле депортирани во текот на нацистичкиот период. Во Втората светска војна, Штаде останал целосно недопрен од сојузничките бомбардирања.

Во изминатите децении, Штаде значително имал корист од присуството на хемиската и авионската индустрија на реката Елба. Исто така, покрај Елба се наоѓа поранешната атомска централа Штаде, која работела во периодот 1972-2003. Кога била затворена, централата го имала вториот најстар реактор во Германија. По одлуката на Германија во 2002 година да ги затвори атомските централи, Штаде била првата германска централа која била затворена; била целосно затворена на 14 ноември 2003 година. Близу поранешната атомска централа постоела стара нафтена централа Шилинг.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Старото Градско собрание

Градскиот совет се состои од 40 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 40.001 и 50.000 жители.[7] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:[8]

Партија Гласови Удел Места Разлика
CDU 18.826 33,39 % 13 −1
SPD 17.299 30,64 % 12 −3
Зелени 5.918 10,48 % 4 −2
WG 5.512 9,76 % 4 +2
FDP 3.174 5,62 % 2 +1
Левица 2.548 4,51 % 2 +1
Пирати 722 1,28 % 1 +1
UBLS 2.455 4,35 % 2 +1

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Од 2006 година Штаде има градоначалник, кој покрај репрезентативна улога, ја предводи и градската управа. Во септември 2006 година, Андреас Рикхоф (SPD) бил првиот непосредно избран градоначалник. На општинските избори во септември 2011 година била избрана Силвија Нибер (SPD) како прва градоначалничка. Во 2019 година бил избран Зенке Хартлеф (CDU) како нов градоначалник.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Штаде е збратимен со следниве градови:

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на стариот дел на градот

Стариот град на Штаде поседува мноштво значајни историски градби; меѓу кои најпознати се лутеранската црква „Св. Кузман и Дамјан“, лутеранската црква Вилхади, Градското собрание, Шведскиот магацин и Цојгхаус.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 2007 година, линијата С3 на Хамбуршката С-Железница била продолжена до Штаде. Возовите тргнуваат на секои 20 минути (преку ден) и пристигнуваат на главната железничка станица во Хамбург за околу еден час.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Историски[уреди | уреди извор]

Современи[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)
  2. Adolf Hofmeister, "Der Kampf um das Erbe des Stader Grafen zwischen den Welfen und der Bremer Kirche (1144–1236)", In: Geschichte des Landes zwischen Elbe und Weser: 3 vols., Hans-Eckhard Dannenberg and Heinz-Joachim Schulze (eds.) on behalf of the Landschaftsverband der ehemaligen Herzogtümer Bremen und Verden, Stade: Landschaftsverband der ehem. Herzogtümer Bremen und Verden, 1995 and 2008, (Schriftenreihe des Landschaftsverbandes der ehem. Herzogtümer Bremen und Verden; No. 7), vol. II: Mittelalter (1995), pp. 105–157, here p. 123. ISBN 978-3-9801919-8-2
  3. Jürgen Bohmbach, "Der werdende Territorialstaat der Erzbischöfe von Bremen (1236–1511): III. Die Städte im Erzstift Bremen", In: Geschichte des Landes zwischen Elbe und Weser: 3 vols., Hans-Eckhard Dannenberg and Heinz-Joachim Schulze (eds.) on behalf of the Landschaftsverband der ehemaligen Herzogtümer Bremen und Verden, Stade: Landschaftsverband der ehem. Herzogtümer Bremen und Verden, 1995 and 2008, (Schriftenreihe des Landschaftsverbandes der ehem. Herzogtümer Bremen und Verden; No. 7), vol. II: Mittelalter (1995), pp. 241–262, here p. 249. ISBN 978-3-9801919-8-2
  4. Richard Graewe: Die zweihundertjährige Geschichte der Elb-Zoll-Fregatte zu Brunshausen und ihrer Kommandanten 1650–1850. Selbstverlag des Stader Geschichts- und Heimatvereins, Stade 1963
  5. About a third of the Jews emigrated in the 19th century to the USA. Cf. Jürgen Bohmbach, Sie lebten mit uns: Juden im Landkreis Stade vom 18. bis zum 20. Jahrhundert, Stade: city of Stade, 2001, (Veröffentlichungen aus dem Stadtarchiv Stade; vol. 21), p. 4.
  6. Albert Marx, Geschichte der Juden in Niedersachsen, Hanover: Fackelträger-Verlag, 1995, p. 144 and Jürgen Bohmbach, Sie lebten mit uns: Juden im Landkreis Stade vom 18. bis zum 20. Jahrhundert, Stade: city of Stade, 2001, (Veröffentlichungen aus dem Stadtarchiv Stade; vol. 21), p. 4.
  7. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten, abgerufen am 17. Dezember 2011.
  8. Website Stade

Надворешни врски[уреди | уреди извор]