Шведско-бранденбуршка војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шведско-бранденбуршката или сканијска војна се водела во периодот од 1674 до 1679 година.

Војна[уреди | уреди извор]

Како сојузник на Холандија во Француско-холандско-шпанската војна 1672-1678 година, Бранденбург ги испрати своите сили, распоредени на Рајна, против Франција. За да и помогне на Франција и за да го принуди принцот на Бранденбург, Фридрих Вилхелм да се повлече, шведскиот фелдмаршал Карло Густав Врангел, по барање на францускиот крал, во крајот на 1674 година со околу 15.000 луѓе го нападна Бранденбург и стигна до Хафелберг, Ратенов и Бранденбург во средината на јуни следната година. Бранденбуршкиот принц, кон крајот на мај, со 15000 војници, од Швајнгурт тргнува во прстрет на Швеѓаните за да го спречи нивниот продор. Тој извојува победи во битките кај Ратенов и Фербелин и го принудува непријателот да се повлече. На крајот на 1675 година, бранденбуршко-данско-пруските сојузнички сили ги освоиле тврдините Волгаст, Визмар, Волин и островот Узед, а данската флота го блокирала Поморскиот залив и устието на реката Одра со цел да ги прекине врските со шведските сили. На 7 јули 1677 година, сојузниците ја започнале опсадата на Штетин, а го заземале на 6 јануари 1678 година. Набргу потоа бил освоен и островот Ратин.

Веќе на 15 јануари островот Риген повторно бил во рацете на Швеѓаните, кои заробиле околу 6.000 сојузнички војници. 20.000 сојузници на 21. септември пристигнале на островот Риген и ги освоија сите тврдини на Западна Померанија со Штетин. Во средината на ноември 1678 година, Швеѓаните навлегуваат во Прусија, но на 17 февруари биле принудени да се повлечат. Со мирот во Сен Жермен-ан-Леј на 29 јуни 1679 година Бранденбург и Данска биле принудени, по барањето на Франција, да се откажат од поголемиот дел од својата територија, така што Бранденбург ја задржал само источна Померанија.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Воена енциклопедија, том 9 (655)