Линебуршко Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карактеристичен поглед на Линебуршкото Поле близу Шнефердинген

Линебуршко Поле (германски: Lüneburger Heide) — голема површина на голет, гест и шумовит предел во североисточниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, северна Германија. Создава дел од задгрбнината на градовите Хамбург, Хановер and Бремен и е именувано по градот Линебург. Поголемиот дел од областа е природен резерват. Западниот долногермански јазик се говори во областа.

Линебуршкото Поле имал големи површини на голети, вообичаено како поголемиот дел од Северна Германија до 1800 година, но повеќето скоро целосно исчезнале во другите области. Голетите биле создадени по неолитот од преголема употреба за пасење на некогашните шумски подрачја на сувите песочни почви во гестот, како што се нарекува теренот во Северна Европа кој е малку ридест и песоклив. Поради тоа, Линебуршкото Поле е прогласен за културен пејзаж. Преостанатите области на голети се чуваат главно преку пасење, особено од северногерманската овца наречена „хајдшнуке“. Поради своите особености, Линебуршкото Поле е омилено туристичко одредиште во Северна Германија.

Важни градови[уреди | уреди извор]

Туризам[уреди | уреди извор]

Денес, областа е омилено туристичко одредиште. Кон тоа придонесуваат тематскиот парк „Хајдепарк Золтау“, птичјиот парк Валсроде и сафари-паркот Серенгети кај Ходенхаген, снежниот центар Биспинген и Центар Парк, како и многу фарми, правејќи го Линебуршкото Поле особено омилено за семејства. Друга група на туристи се повозрасни граѓани на автобуски тури.

Поранешниот концентрациски камп Берген-Белзен близу градот Берген, исто така, се наоѓа во Линебуршкото Поле.

Координати: 53°10′N 9°56′E / 53.167° СГШ; 9.933° ИГД / 53.167; 9.933