Беверн (Холцминден)
| Беверн | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Холцминден |
| Месна заед. | Беверн |
| Месни единици | 5 |
| Градоначалник | Буркхард Дариер (СлДП) |
| Основни податоци | |
| Површина | 33,23 км2 |
| Надм. височина | 138 м |
| Население | 3.864 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 116 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HOL |
| Пошт. бр. | 37639 |
| Повик. бр. | 05531 |
| Портал | www.bevern.de |
| Местоположба на Беверн во рамките на округот Холцминден | |
| Координати | 51°52′0″N 9°30′0″E / 51.86667°N 9.50000°E |
Беверн (германски: Bevern) — општина во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Географија
[уреди | уреди извор]Беверн се наоѓа на реката Везер близу нејзиниот влив со притоката Бевербах. Во општината влегуваат селата Беверн, Форст, Делме, Лобах, Литгенаде и Рајлајфцен.
Историја
[уреди | уреди извор]Саксонската населба „Бујеран“ (Byueran) била првпат спомената во списокот на Опатијата Корвај во 822 година. Изградбата на црквата била спомената во 1501 година; била осветена од келнскиот надбискуп Херман IV во 1506 година.
Знаменитост
[уреди | уреди извор]Општината е позната по својот замок (Schloss Bevern), ренесансен дворец изграден како велепоседничка куќа во периодот 1603 до 1612 година. Бил купен од велфските војводи на Брауншвајг-Линебург во текот на Триесетгодишната војна во 1633 година и градбата служела како резиденција на помладата линија, позната како Брауншвајг-Беверн, од 1668 година до крајот на XVIII век.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Беверн (Холцминден) на Ризницата ?- Замок Беверн (германски)
|
| ||||||||
| Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |


