Ешерсхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ешерсхаузен
Градското собрание
Градското собрание
Грб на Ешерсхаузен
Ешерсхаузен is located in Германија
Ешерсхаузен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Холцминден
Општ. заед. Ешерсхаузен-Штатолдендорф
Градски единици 3
Градоначалник Конрад Еделман (CDU)
Основни податоци
Површина 23,87 км2
Надм. височина 199 м
Население 3.469 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 145 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HOL
Пошт. бр. 37632
Повик. бр. 05534
Портал www.webcss.de
Местоположбата на градот Ешерсхаузен во рамките на округот Холцминден
Карта
Координати 51°55′0″N 9°39′0″E / 51.91667° СГШ; 9.65000° ИГД / 51.91667; 9.65000Координати: 51°55′0″N 9°39′0″E / 51.91667° СГШ; 9.65000° ИГД / 51.91667; 9.65000

Ешерсхаузен (германски: Eschershausen) — мал град во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри североисточно од Холцминден и 50 километри јужно од Хановер.

Градот претставувал административно седиште на поранешната истоимена општинска заедница.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Ешерсхаузен е опкружен од ридските масиви Ит, Фоглер, Хилс, Хомбургвалд и Елфас, сместен во рамките на Везерското Средногорје. Низ него тече реката Лене, која се влива во Везер кај Боденвердер.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Подрачјето на градот Ешерсхаузен се граничи на североисток со општината Холцен, на исток со слободните области Ешерсхаузен и Ајмен, на југоисток со општината Лене, на југ со градот Штатолдендорф, на југозапад со општината Холенберг, на запад со општината Кирхбрак и на северозапад со општината Лирдисен.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Покрај самиот град Ешерсхаузен, кон него припаѓаат Шарфолдендорф и Викензен.

Личности[уреди | уреди извор]

Почесни граѓани[уреди | уреди извор]

  • Вилхелм Рабе (1831-1910) — германски писател (поч. граѓ. од 1901 г.)
  • Ханс Шајберт (1887-1969) — основач на фабрика за чамци (поч. граѓ. од 1967 г.)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]