Ешерсхаузен (општинска заедница)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ешерсхаузен (германски: Eschershausen) — поранешна општинска заедница во округот Холцминден, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Нејзиното седиште било во градот Ешерсхаузен. На 1 јануари 2011 година била споена со поранешната заедница Штатолдендорф, создавајќи ја новата општинска заедница Ешерсхаузен-Штатолдендорф.

Општинската заедница Ешерсхаузен се состоела од следниве општини:

  1. Дилмисен
  2. Ајмен
  3. Ешерсхаузен
  4. Холцен
  5. Лирдисен

Координати: 51°55′01″ СГШ; 9°39′00″ ИГД / 51.917° СГШ; 9.650° ИГД / 51.917; 9.650