Хилс

Координати: 51°56′N 9°45′E / 51.93° СГШ; 9.75° ИГД / 51.93; 9.75
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хилс
Поглед на областа
Највисока точка
ВрвБлосе Целе
Надм. височина480,4 м
Координати51°57′29″N 9°41′23″E / 51.95806° СГШ; 9.68972° ИГД / 51.95806; 9.68972
Географија
ЗемјиГерманија
ПокраинаДолна Саксонија
Координати51°56′N 9°45′E / 51.93° СГШ; 9.75° ИГД / 51.93; 9.75

Хилс (германски: Hils) — низа ридови високи до 480 метри во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместени во окрузите Холцминден, Хилдесхајм и Нортхајм.

Географија[уреди | уреди извор]

Ридскиот масив е пошумен и претставува дел од Лајнското Средногорје, се наоѓаат југоисточно од масивот Ит. Сместени се северозападно од Ајнбек помеѓу Холцен на запад и Делигзен на исток.

Највисока точка на ридовите е Блосе Целе со своите 480,4 метри, додека втора највисока точка е Гросер Зол (472 метри) на која се наоѓа споменик на поетот, Вилхелм Рабе, сместен веднаш со истоимената кула.

Бројни пешачки патеки поминуваат низ Хилс.