Дуинген
Дуинген | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Општ. заед. | Лајнско Средногорје |
Градоначалник | Клаус Крумфус (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 59,62 км2 |
Надм. височина | 193 м |
Население | 4.957 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 83 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI |
Пошт. бр. | 31089 |
Повик. бр. | 05185 |
Портал | www.Duingen.de |
Местоположба на Дуинген во рамките на округот Хилдесхајм | |
![]() | |
Координати | 52°00′0″N 9°42′0″E / 52.00000°N 9.70000°E |
Дуинген (германски: Duingen; Даујен на месниот остфалски дијалект) — слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 25 километри југозападно од Хилдесхајм и 40 километри јужно од Хановер.
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба од месно значење.
Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Копенграфе, Хојерсхаузен, Мариенхаген и Венцен се дел од општината Дуинген. Сите тие биле дел од поранешната истоимена општинска заедница.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]
Дуинген се наоѓа источно од Природниот парк Ридски крај Везер Шаумбург-Хамелн во рамките на Лајнското Средногорје помеѓу ридовите Ит, Тистер Берг и Дуингер Берг. Во близина се наоѓа изворот на притоката на Лајне, Зале. Низ Дуиншката Шума водат повеќе пешачки и велосипедски патеки.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Дуинген е составена од следниве единици:
- Капеленхаген (жители: 141)
- Копенграфе (жители: 624)
- Дуинген (жители: 2.706)
- Фелцихаузен (жители: 84)
- Хојерсхаузен со Либрехтсен и Рот (жители: 439)
- Мариенхаген (жители: 750)
- Венцен (жители: 362)
(состојба 30 ноември 2016)[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Дуинген на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|