Зарштет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зарштет

Sarstedt

Железничката станица во Зарштет
Железничката станица во Зарштет
Грб на Зарштет
Зарштет is located in Германија
Зарштет
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Градоначалник Хајке Бренеке (СДП)
Основни податоци
Површина 42,94 км2
Надм. височина 64 м
Население 19.359 (31 декември 2018)[1]
 - Густина 451 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI
Пошт. бр. 31157
Повик. бр. 05066
Портал www.sarstedt.de
Местоположба на градот Зарштет во рамките на округот Хилдесхајм
Карта
Координати 52°14′22″N 9°51′38″E / 52.23944° СГШ; 9.86056° ИГД / 52.23944; 9.86056Координати: 52°14′22″N 9°51′38″E / 52.23944° СГШ; 9.86056° ИГД / 52.23944; 9.86056

Зарштет (германски: Sarstedt; латински: Kertzstadensis;[2] долногермански: Sassti’e) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Има околу 18.500 жители. Зарштет е близу Хановер. Железничката станица во Зарштет се наоѓа на Хановерската јужна железница и е опслужувана од Хановерската С-железница.

Поранешната општина Гифтен станала дел од градот Зарштет на 1 март 1974 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Зарштет се наоѓа околу 13 километри северозападно од Хилдесхајм и 21 километар југоисточно од Хановер. Помеѓу 1885 и 1946 година бил единствен и најсеверен град во округот Хилдесхајм. Западно од градот поминува реката Инерсте, во која се влива потокот Брухграбен. Зарштет на исток се граничи со Алгермисен, на југоисток со Харзум, на југ со Гизен и Барнтен (од 1974 година дел од Нордштемен) (сите во округот Хилдесхајм), на северозапад со Патензен и на север со Лацен (обете во регионот Хановер).

Со општинската реформа во 1974 година, кон Зарштет биле придодадени шест општини:

  • Гифтен (околу 750 жит.)
  • Гедринген (околу 610 жит.)
  • Хајзеде (околу 1.000 жит.
  • Хотелн (околу 520 жит.)
  • Руте (околу 355 жит.)
  • Шликум (околу 730 жит.)

Во самиот град Зарштет живеат околу 14.600, додека заедно со останатите градски единици има 18.626 жители (сост. 31 декември 2014 г.)

Политика[уреди | уреди извор]

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалничка на Зарштет е Хајке Бренеке (SPD), која била избрана во септември 2014 година.[3] Нејзин претходник бил Карл-Хајнц Вондрачек (SPD).

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Зарштет е збратимен со следниве општини:

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]