Лацен
| Лацен
Laatzen | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Хановер |
| Градоначалник | Јирген Кене (ДХС) |
| Основни податоци | |
| Површина | 34,05 км2 |
| Надм. височина | 46 м |
| Население | 42.675 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 1.253 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | H |
| Пошт. бр. | 30880 |
| Повик. бр. | 0511 / 05102 |
| Портал | www.laatzen.de |
| Местоположба на градот Лацен во рамките на округот Хановер | |
| Координати | 52°19′0″N 9°48′0″E / 52.31667°N 9.80000°E |
Лацен (германски: Laatzen) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа јужно од покраинскиот главен град Хановер.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Лацен се наоѓа на Лајне. Реката ја образува западната граница на градот.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Градот се граничи, почнувајќи од југозапад, со Патензен, Хеминген, Хановер и Зенде (Регион Хановер), како и со Алгермисен и Зарштет (Округ Хилдесхајм).
Градски единици
[уреди | уреди извор]Лацен се состои од местата Алт-Лацен, Грасдорф, Лацен-Мите, Ретен, Глајдинген и Ингелн-Еселзе.
Во 1964 година, општините Лацен (денес, околу 22.000 жители) и Грасдорф (3.500 жители) се споиле во градот Лацен. Во 1974 година, градовите Ретен/Лајне (8.100 жители), Глајдинген (4.300 жители) и Ингелн-Еселзе (3.700 жители) биле додадени во градот.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Лацен е збратимен со следниве градови:
Ле Гран Кевији, Франција (од 1966 г.)
Вајдхофен на Ибс, Австрија (од 1986 г.)
Губин, Полска (од 1991 г.)
Губен, Германија (од 1990 г.)
Галерија
[уреди | уреди извор]- Старото Градско собрание
- Католичката црква во Алт-Лацен
- Музејот за воздухопловство
- Административна зграда на Сименс АГ
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Лацен на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
| ||||||||
|


