Прејди на содржината

Барзингхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Барзингхаузен

Barsinghausen

Поглед на Градското собрание на градот Барзингхаузен
Поглед на Градското собрание на градот Барзингхаузен
Поглед на Градското собрание на градот Барзингхаузен
Грб на Барзингхаузен
Барзингхаузен во рамките на Германија
Барзингхаузен
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругХановер
Градски единици18
ГрадоначалникМарк Ламан (ДХС)
Основни податоци
Површина102,65 км2
Надм. височина142 м
Население 35.156 (31 декември 2022)[1]
 - Густина342 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.H
Пошт. бр.30890
Повик. бр.05105
Порталwww.barsinghausen.de
Местоположба на градот Барзингхаузен во рамките на округот Хановер
Карта
Карта
Координати52°18′0″N 9°28′52″E / 52.30000°N 9.48111°E / 52.30000; 9.48111

Барзингхаузен (германски: Barsinghausen) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Сместен е на ридскиот масив Дајстер, околу 20 километри западно од покраинскиот главен град Хановер. Барзингхаузен припаѓа на историската област Каленбершки крај и првпат бил споменат во 1193 година.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Барзингхаузен се наоѓа на ридскиот масив Дајстер помеѓу средногерманските ридски масиви и Северногерманската Низина. Градот административно припаѓа на регионот Хановер и се наоѓа во рамки на историската област Каленбершки крај. Дајстер е оддалечен околу 200 метри од градскиот центар.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Барзингхаузен се граничи со Вуншторф, Зелце, Герден, Бад Нендорф, Венигзен (Дајстер), Шпринге, Лауенау и Бад Миндер на Дајстер.

Градски единици

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на градот

Градот се состои од следниве единици (бројот на жители во загради):

  • Банторф (1.270)
  • Баригзен (239)
  • Барзингхаузен (околу 14.200)
  • Екерде (557)
  • Егешторф (8.992)
  • Гексе (535)
  • Гросголтерн (1.317)
  • Грос Мунцел (1.162)
  • Хоенбостел (1.743)
  • Холтензен (265)
  • Кирхдорф (2.070)
  • Ландрингхаузен (912)
  • Лангредер (1.030)
  • Нордголтерн (454)
  • Остермунцел (334)
  • Штемен (698)
  • Вихтрингхаузен (592)
  • Винингхаузен (1.046)

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Барзингхаузен се наоѓа стар манастир, кој бил основан во текот на доцниот среден век. Во тоа време, плодната почва и бројните потоци на реката Зидауе биле погодни за земјоделство и бројни ветерници во Каленбершки крај. Барзингхаузен станал рударски град помеѓу 1871 и 1957 година. По Втората светска војна почнале да се развиваат други сектори.

Население

[уреди | уреди извор]
  • 1998 - 34.743
  • 1999 - 34.648
  • 2000 - 34.497
  • 2001 - 34.408
  • 2002 - 34.370
  • 2003 - 34.376
  • 2004 - 34.253

(на 31 декември)

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Манастирската црква „Св. Богородица“

Во градот се наоѓаат следниве знаменитости:

  • манастирот Барзингхаузен, првпат споменат во 1193 година;
  • манастирската црква „Св. Богородица“ (Marienkirche);
  • отворениот театар Дајстер (Deister Freilichtbühne);
  • рудникот „Клостерштолен“ (Klosterstollen);
  • спортскиот хотел Фуксбахтал; и
  • фудбалскиот сојуз на Долна Саксонија.

Меѓународни односи

[уреди | уреди извор]

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Барзингхаузен е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]