Прејди на содржината

Роненберг

Координати: 52°19′10″N 9°39′20″E / 52.31944° СГШ; 9.65556° ИГД / 52.31944; 9.65556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Роненберг

Ronnenberg

Поглед на Градското собрание
Поглед на Градското собрание
Поглед на Градското собрание
Грб на Роненберг
Роненберг во рамките на Германија
Роненберг
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хановер
Градски единици 7
Градоначалник Штефани Хармс (ДХС)
Основни податоци
Површина 37,78 км2
Надм. височина 73 м
Население 24.570 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 650 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. H
Пошт. бр. 30952
Повик. бр. 0511, 05109, 05108
Портал www.ronnenberg.de
Местоположба на градот Роненберг во рамките на округот Хановер
Карта
Карта
Координати 52°19′10″N 9°39′20″E / 52.31944° СГШ; 9.65556° ИГД / 52.31944; 9.65556

Роненберг (германски: Ronnenberg) — мал град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри југозападно од покраинскиот главен град Хановер.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Роненберг се наоѓа во областа Каленбершки крај и се граничи со покраинскиот главен град Хановер, Хеминген, Шпринге, Венигзен и Герден (од североисток, надесно).

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Роненберг се состои од следниве места:

  • Бенте (со местото Зибен Трапен)
  • Емпелде (каде се наоѓа Градското собрание)
  • Име-Ролофен
  • Линдерте
  • Роненберг (каде е сместена дел од градската управа)
  • Фери
  • Вецен

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]
Дел од градската управа во Роненберг

Градскиот совет на Роненберг се состои од 34 членови. Ова е предвидениот број за општина/град со број на жители помеѓу 20.001 и 25.000 жители. Членовите се избираат на секои 5 години.

На изборите на 11 септември 2016 година бил избран следниов состав:

Партија/Листа Места
SPD 11
CDU 9
Зелени 5
FDP 1
Левица 1
Слободни гласачи 2
AfD 5

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Од 1 јануари 2014 година, градоначалничка на градот е Штефани Хармс (CDU). Била избрана на 6 октомври 2013 година со 52,8%. Излезноста на гласачите изнесувала 45,0%.

Список на градоначалници

[уреди | уреди извор]

До 2001 година функцијата градоначалник на градот била доброволна, поддржувана од градскиот директор. Во 2001 година обете места биле споени. Градоначалници на градот биле:

1969: Вили Ралфес (SPD)
1969–1971: Ернст-Георг Хипер (SPD)
1971–1981: Артур Зомер (SPD)
1981–1986: Херман Халер (CDU)
1986–1995: Карл Крузе (SPD)
1995–1996: Хорст Рудолф (SPD)
1996–2001: Паул Вениг (SPD)
2001–2013: Волфганг Валтер (SPD)
од 2014: Штефани Хармс (CDU)

Како градски директор во тоа време биле:

1969–1981: Хорст Гинтер Хумбек
1981–2001: Бернхард Липолд

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Роненберг е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]