Вунсторф
Вунсторф
Wunstorf | |
Пешачката зона во средиштето на градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градски единици | 14 |
Градоначалник | Ролф-Аксел Еберхарт (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 126,60 км2 |
Надм. височина | 43 м |
Население | 41.480 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 328 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 31515 |
Повик. бр. | 05031, 05033 (Штајнхуде и Гросенхајдорн), 05723 (Идензен-Нинграбен) |
Портал | www.wunstorf.de |
Местоположба на градот Вунсторф во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°25′39″N 9°25′46″E / 52.42750° СГШ; 9.42944° ИГД |
Вунсторф (германски: Wunstorf) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 22 километри западно од покраинскиот главен град Хановер.
Во негова близина се наоѓа Воздухопловната база Вунсторф на германските воздухопловни сили. Западно од градот, местата Штајнхуде и Гросенхајдорн се наоѓаат на бреговите на Штајнхудското Езеро.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Низ градското подрачје на самиот Вунсторф тече Вестауе, која се влева во Лајне, североисточно од Борденау. На запад се наоѓа Природниот парк Штајнхудско Езеро.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Кон градското подрачје на Вунсторф припаѓаат местата:
- Блуменау (со Лите)
- Бокело
- Гросенхајдорн
- Клајн Хајдорн
- Идензен (со Идензермор и Нинграбен)
- Коленфелд
- Луте
- Месмероде
- Штајнхуде
- Вунсторф
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 40 членови. Распределбата на места во советот, избрани на 11 септември 2016 година:
SPD: | 16 места |
CDU: | 13 места |
GRÜNE: | 4 места |
FDP: | 2 места |
AfD: | 4 места |
независни: | 1 место |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Од 1999 година градоначалник на Вунсторф е Ролф-Аксел Еберхарт (CDU).
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Вунсторф е збратимен со следниве градови:
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Вунсторф има два излези на автопатот А2.
Железничката станица Вунсторф има редовни врски со Хановер преку локални и регионални возови, како и врски до Минден и Нинбург. Локалната автобуска мрежа дозволува врски со возови до/од Хановер.
Најблизок комерцијален аеродром е Хановер-Лангенхаген, околу 25 километри преку А2 и A352.
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Хајнц-Јоахим Бархман (р. 1950) — политичар
- Ернст Јингер (1895–1998) — писател
- Поликарп Лајзер IV (1690–1728) — протестантски теолог филозоф, лекар, правник и историчар
- Јост Шмит (1893–1948) — типограф сликар и учител
- Андреас Шпенглер (р. 1947) — психијатар и психотерапевт
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата „Св. Кузман и Дамјан“
-
Средиштето на градот
-
Градската библиотека
-
Ветерница Паула во Штајнхуде
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Вунсторф на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|