Шпринге
Шпринге
Springe | |
Замокот Шпринге | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Кристијан Шпрингфелд (СлДП) |
Основни податоци | |
Површина | 159,78 км2 |
Надм. височина | 107 м |
Население | 29.084 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 182 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 31832 |
Повик. бр. | 05041, 05044, 05045 |
Портал | springe.de |
Местоположба на градот Шпринге во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°13′0″N 9°33′0″E / 52.21667° СГШ; 9.55000° ИГД |
Шпринге (германски: Springe) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на ридскиот масив Дајстер, околу 22 километри југозападно од покраинскиот главен град Хановер.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на ридскиот масив Дајстер. Тука извира реката Халер, по која во средниот век градот бил наречен Халершпринг (Hallerspring).
Градски единици
[уреди | уреди извор]- Шпринге (јадрото) со 13.193 жители
- Бенигсен со 4.061 жител
- Фелксен со 3.362 жители
- Елдагсен со 3.303 жители
- Гесторф со 1.756 жители
- Алтенхаген I со 1.240 жители
- Лидерсен со 1.009 жители
- Алвесроде со 500 жители
- Алферде со 531 жител
- Холтенсен со 436 жители
- Мителроде со 288 жители
- Бојцум со 173 жители
состојба: 30 јуни 2018 г.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Шпринге се граничи со следниве општини и градови (почнувајќи од север, надесно) Барзингхаузен, Венигзен (Дајстер), Роненберг, Хеминген и Патензен (регион Хановер), Нордштемен и Елце (округ Хилдесхајм), како и Залцхемендорф, Копенбриге и Бад Миндер (округ Хамелн-Пирмонт).
Историја
[уреди | уреди извор]Шпринге бил првпат споменат во 1013 година како Халершпринге (Hallerspringe). Во описот на границите на Хилдесхајмската епископија од транскрипт без датум, Шпринге бил споменат како Хелерајспринг (Helereisprig). Иако без датум по обликот и содржината може да се заклучи дека е документ од X век. Грофовите на Халермунд изградиле градба како тврдина на местото каде што е сега Шпринге откако го изгубиле замокот Халермунд на Клајнер Дајстер од Велфската династија во 1282 година. Владееле со нивната грофовија од нивното ново седиште, од кое подоцна израснал Шпринге. Создавањето на грофовско седиште и зацврстувањето на положбата довеле во XIII век да добие градски права. Во средниот век, Шпринге долго време бил седиште на грофовите на Халермунд и нивните наследници, странична линија на грофот на Кефернбург. Од нивната површина подоцна бил создаден Амт Шпринге, а по повеќе преименувања и проширување и округот Шпринге во 1884 година.
До крајот на X век се појавиле и првите споменувања за другите места, кои денес се дел од градот Шпринге. До 1300 година сите постоечки села биле именувани.
Развојот на областа се поврзува со преминот на Дајстер, граница помеѓу низината и планината, што била соодветна точка за пренос на стоки помеѓу Хановер и Хамелн. Понатамошниот развој се случил со изградбата на денешниот автопат Б217 во XVIII век и завршувањето на железничката линија помеѓу Хановер и Алтенбекен во 1872 година.
Постоел постојан развој кон среден град по крајот на Првата светска војна и уште повеќе по крајот на Втората светска војна (во 1933 година, населението било 3.912). До административните реформи во 1974 година, Шпринге бил окружно седиште. Потоа, истоимениот округ бил припоен кон округот Хановер, кој на 1 ноември 2001 година, станал денешниот регион Хановер. Денес, околу 13.000 жители живеат во самиот град.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 35 членови. Распределбата на места во советот, избрани на 11 септември 2016 година[2] 2011 година[3] и 2006 година:
CDU | SPD | Зелени | FDP | Левица | FWS | AfD | Независен | Вкупно | |
2016 | 13 | 11 | 4 | 2 | 1 | 1 | 2 | 1 | 35 места |
2011 | 13 | 13 | 7 | 1 | 1 | 1 | — | — | 36 места |
2006 | 15 | 16 | 3 | 2 | — | — | — | — | 36 места |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалник е Кристијан Шпрингфелд (FDP). На изборите на 31 јануари 2016 година бил избран со 55% од гласовите.
- досегашни
- до 2002: Герд Швигер (SPD)
- 2002–2015: Јерг-Рогер Хише (независен)
- 2015–2016: немало; Герд-Дитер Валтер како вршител на должност
- од 2016: Кристијан Шпрингфелд (FDP)
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Шпринге е збратимен со следниве градови:
Постои партнерство со градот Милич во Полска
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Јохан Хајнрих Шредер (1646-1699) — текстописец на химни и теолог
- Хајнрих Гебел (1818-1893) — германско-американски механичар и пронаоѓач
- Карл Допмајер (1824-1899) — вајар
- Јакоб Голдшмит (1882-1955) — банкар
- Херман Гункел (1862-1932) — теолог
- Херберт Иеринг (1888-1977) — текстописец, режисер, новинар и критичар
- Хајнрих Хипер (1898–1983) — учител и писател
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црквата „Св. Андреј“
-
Средиштето на градот
-
Музеј во Шпринге
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ WRS Softwareentwicklung GmbH. „Gemeindewahl 2016“. Архивирано од изворникот на 2017-10-08. Посетено на 2017-04-22.
- ↑ Hannoversche Allgemeine Архивирано на 8 јули 2017 г., 12. September 2011
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Шпринге на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|