Бокенем
Бокенем
Bockenem | |
Црквата „Св. Панкратиј“ во Бокенем | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Градоначалник | Рајнер Блок (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 109,04 км2 |
Надм. височина | 110 м |
Население | 9.830 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 90 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI |
Пошт. бр. | 31167 |
Повик. бр. | 05067 |
Портал | www.bockenem.de |
Местоположба на градот Бокенем во рамките на округот Хилдесхајм | |
Координати | 52°00′42″N 10°07′55″E / 52.01167°N 10.13194°E |
Бокенем (германски: Bockenem) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, основан во 1154 година. Градот се наоѓа на германскиот пат на фахверкот.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Бокенем се наоѓа на десет километри северозападно од подножјето на Харц.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот настанал на 1 март 1974 година кога кон него биле припоени некогашни општини. Денес, кон градот припаѓаат следниве места (во заградите нивниот број на жители според 1 јануари 2015 г.): Бениен (472), Борнум (1161), Билтум (136), Грос Илде (196), Хари (339), Јерце (175), Клајн Илде (61), Кенигсдалум (372), Малум (493), Нете (421), Ортсхаузен (236), Шлевеке (562), Штери (230), Упштет (217), Фолкерсхајм (853), Вердер (118) и Воленхаузен (86).
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Бокенем се граничи со Холе на север, со Зезен на југ, со Ламшпринге на запад, со Бад Залцдетфурт на северозапад, а на исток со Лутер на Баренберге.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Селото Штери било познато по својот музеј на мали автомобили во светот, кој бил најголем од таков вид. Музејот бил затворен во 2005 година.
- Наосот на протестантската црква во Бокенем бил изграден во 1403 година.
- Друга интересна црква е во селото Нете. Романескната кула била користена како тврдина во воени услови. Наосот потекнува од 1731 година.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Бокенем е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Хенриете Шрадер-Брајман (1827-1899) — пионер за системот на градинки и рана женска активистка
- Ернст Дегер (1809-1885) — црковен сликар
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бокенем на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|