Гронау (Лајне)
| Гронау | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Хилдесхајм |
| Општ. заед. | Лајнско Средногорје |
| Основни податоци | |
| Површина | 88,13 км2 |
| Надм. височина | 79 м |
| Население | 10.832 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 123 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HI |
| Пошт. бр. | 31028 |
| Портал | www.gronau-leine.de |
| Местоположба на градот Гронау во рамките на округот Хилдесхајм | |
| Координати | 52°04′0″N 9°47′0″E / 52.06667°N 9.78333°E |
Гронау (германски: Gronau; службено наречен Гронау (Лајне)) — град во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 15 километри југозападно од Хилдесхајм и 35 километри јужно од Хановер.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Лајнско Средногорје.
Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Бантелн, Бетелн, Бриген, Дешпетал и Реден се дел од градот Гронау.
Географија
[уреди | уреди извор]Гронау се наоѓа југозападно од Хилдесхајм помеѓу Лајнското Средногорје на запад и Инерстенското Средногорје на исток. Се наоѓа западно од Хилдесхајмската Шума и североисточно од Зибен Берге. Низ градот тече реката Лајне.
Западно од Гронау поминува сојузниот автопат Б3.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Кон градот Гронау припаѓаат самиот град со местата Бантелн, Барфелд, Бетелн, Бриген, Едингхаузен, Ајцум, Хаус Ешерде, Хајнум, Нинштет, Реден и Валенштет.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Гронау е збратимен со следниве градови:
Личности
[уреди | уреди извор]- Јирген Млинек (р. 1951) — физичар
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Гронау на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
| ||||||||
|


