Алфелд (Лајне)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алфелд

Alfeld (Leine)

Градското собрание на Алфелд, а во позадина црквата „Св. Никола“
Градското собрание на Алфелд, а во позадина црквата „Св. Никола“
Грб на Алфелд
Алфелд (Лајне) се наоѓа во Германија
Алфелд (Лајне)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Градоначалник Бернд Бојсхаузен (SPD)
Основни податоци
Површина 72,86 км2
Надм. височина 145 м
Население 19.061 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 262 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI, ALF
Пошт. бр. 31061
Повик. бр. 05181
Портал www.alfeld.de
Местоположбата на градот Алфелд во рамките на округот Хилдесхајм
Карта
Координати 51°59′19″ СГШ 9°49′37″ ИГД / 

Алфелд (германски: Alfeld (Leine); службено наречен Алфелд (Лајне)) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот е сместен на бреговите на реката Лајне и преставува втор најголем град во округот.

Географија[уреди | уреди извор]

Алфелд се наоѓа во Висорамните Лајне помеѓу Лајне на запад и Зибен Берге (до 395 метри високи) на североисток.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Алфелд се граничи со Гронау, Зибесе, Фреден, Делигзен и Дуинген.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Алфелд се состои од следниве места: Брункензен, Дензен, Ферсте, Ајмзен, Герцен, Годенау, Херзум, Имзен, Лангенхолцен, Лимер, Литгенхолцен, Релингхаузен, Зак, Варцен, Ветензен и Вишпенштајн.

Историја[уреди | уреди извор]

Фабриката Фагус, прогласена за светско културно наследство

Градот бил основан пред 1214 година, при што името Алфелде (Alvelde') било прв пат забележано во 1214 година. Елементот „-фелд“ означува „отворено место“, додека „ал-“ веројатно потекнува од индоевропскиот корен „ел-/ол-“ што означува „вода“.

Во 1426 година, Алфелд се приклучил на Саксонскиот сојуз на градови, со што станал непосреден член на Ханзата. Градот бил еден од најмалите градови во Ханзата, со што се развил во XIV и XV век поради трговијата со пиво, лен и предива.

Алфелд првично припаѓал на Хилдесхајмската епископија, но бил префрлен на Кнежевството Брауншвајг-Волфенбител во периодот 1519-1523. Со тоа настанал златниот период на Алфелд, а неговото стопанство цветало пред почетокот на Триесетгодишната војна.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Знаменитости во Алфелд се Градското собрание (1586) со својата осумаголна кула, црквата „Св. Никола“ и кулата Филер, средновековна кула, како и познатата Фабрика Фагус од 1911 година, одличен пример на раната модернистичка архитектура од Валтер Гропиус, која е прогласена за светско културно наследство на УНЕСКО.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Најголем работодавач во градот е фабриката САППИ со својот голем оџак, што е една од знаменитостите на Алфелд.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Алфелд е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]