Ламшпринге
Ламшпринге | |
Главната улица во Ламшпринге | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хилдесхајм |
Градоначалник | Ларс Хер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 70,46 км2 |
Надм. височина | 211 м |
Население | 5.610 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 80 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HI |
Пошт. бр. | 31195 |
Портал | www.lamspringe.de |
Местоположба на Ламшпринге во рамките на округот Хилдесхајм | |
Координати | 51°57′0″N 10°00′0″E / 51.95000° СГШ; 10.00000° ИГДКоординати: 51°57′0″N 10°00′0″E / 51.95000° СГШ; 10.00000° ИГД |
Ламшпринге (германски: Lamspringe) — село и слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 20 километри јужно од Хилдесхајм.
Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Харбарнзен, Нојхоф, Зелем и Волтерсхаузен се дел од општината Ламшпринге. Сите тие биле дел од поранешната истоимена општинска заедница.
До спојувањето на поранешните општини, Ламшпринге поседувала пазарно право и со тоа имала некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, била означена како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.
Географија[уреди | уреди извор]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Местото Ламшпринге се наоѓа на изворот на реката Ламе помеѓу Харплаге на североисток, Хебер на југоисток и Заквалд на запад. Се наоѓа помеѓу градовите Алфелд–Бад Залцдетфурт–Бокенем–Бад Гандерсхајм.
Големи градови во близина на Ламшпринге се: Хановер (50 км) и Хилдесхајм (30 км) на север, како и Гетинген (40 км) на југоисток. Друг голем град е Гослар (30 км) на исток.
Општински единици[уреди | уреди извор]
- Харбарнзен (со Ирмензојл)
- Ламшпринге (со Гласхите)
- Нојхоф (со Аменхаузен и Велерсхајм)
- Зелем (со Ефензен)
- Волтерсхаузен (со Хорнзен, Грасте и Неце)
Историја[уреди | уреди извор]
Историски била позната како седиште на поранешната Опатија Ламшпринге, од која се останати црквата и други градби.
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Ламшпринге на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
|
|