Јордсанд
Јордсанд (дански: Jordsand) — поранешен мал халиг близу севернофризискиот брег во Данска и сместен југоисточно од данскиот остров Реме и источно од германскиот остров Зилт. Островот бил првпат именуван како Хиортсанд („остров на елени“) и веројатно бил поврзан со копното и со островот Зилт. Старото име означува дека имало елени на островот.
Документите од 1231 година го опишуваат островот со површина од 20 км². Поседувал бројни варфтови (вештачки подигнати ридови). Островот бил уништен од низа плимни бури. Неговата површина во 1807 и во 1843 година била запишана како 40,7 и 18,4 хектари, соодветно. Во 1895 година, бура го уништила последниот варфт и островот бил напуштен и станал птичјо засолниште. Обиди за да се заштите од постојаните поплави биле направени во 1970-тите, но со ограничен успех бидејќи островот не бил заштитен од насип. Големината на островот на крајот се намалила на 2,3 хектари и ненаселениот остров бил конечно уништен во поплава во зимата 1998/99 година. До 1999 година исчезнала целата вегетација на поранешниот остров и Данската агенција за природа го отстранила нивното склониште од поплавеното подрачје.[1] Во 1999 година, островот бил официјално прогласен за исчезнат.[2]
Денес, областа е песочен брег (højsande), Jordsand Flak[3] слично на Коресанд близу Фане.
Неговото име го носи една од најстарите организации во Германија за животната средина, Verein Jordsand, која е основана во 1907 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Јордсанд“ на Ризницата ? |
|