Прејди на содржината

Балтрум

Координати: 53°43′44″N 7°22′6″E / 53.72889° СГШ; 7.36833° ИГД / 53.72889; 7.36833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Балтрум
Воздушен поглед на Балтрум
Воздушен поглед на Балтрум
Воздушен поглед на Балтрум
Знаме на Балтрум
Грб на Балтрум
Балтрум во рамките на Германија
Балтрум
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Аурих
Градоначалник Харм Олхерс
Основни податоци
Површина 6,50 км2
Надм. височина 5 м
Население 599 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 92 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AUR
Пошт. бр. 26579
Повик. бр. 04939
Портал baltrum.de
Местоположба на Балтрум во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати 53°43′44″N 7°22′6″E / 53.72889° СГШ; 7.36833° ИГД / 53.72889; 7.36833

Балтрум (во минатото Балтеринге; германски: Baltrum или Balteringe; долногермански: Baltrum) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Тој е еден од седумте населени Источнофризиски Острови на работ од долносаксонскиот дел од Ваденското Море во јужниот дел на Северното Море, сместен помеѓу островот Лангеог (запад) и Нордернај (исток).

Балтрум е најмалиот остров во овој архипелаг по површина и население. Има површина од 6,5 квадратни километри и население од само 599 жители (2020).

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Потеклото на името не е јасно објаснето. ВО 1398 година, островот бил првпат споменат како Балтеринге (Balteringe) што значи пасиште или „местото на синовите или следачите на Балтер“. Друга претпоставка е дека името потекнува од нордискиот бог Балдр – син на Один и Фриг.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Балтрум припаѓа на островската група Источнофризиски Острови и припаѓа на Источна Фризија. Островот има должина од пет километри и широчина до 1,4 километри. Површината на островот изнесува околу 6,5 квадратни километри, со што претставува најмал остров по површина од седумте населени Источнофризиски Острови. Најмала оддалеченост до копното изнесува околу 4,5 километри. Помеѓу островот и копното се наоѓаат калливи површини („вати“). Делови од островот и Ваденското Море припаѓаат на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“.

На запад, Балтрум е одделен од Нордернај преку морскиот премин („гат“) Вихтер Ее, а на исток од Лангеог преку морскиот премин Акумер Ее. Највисока точка на островот е во средишниот дел на островот, дина за набљудување со височина од 19,3 метри.[2]

Населениот дел во северозападниот дел на островот се состои од три дела, Вестдорф, Остдорф и Алтен Остдорф. Островот е поврзан со фериботи и аеродром. Со околу 600 жители, Балтрум е најмала општина во областа и најмала самостојна општина.

Климата на островот Балтрум е под директно влијание на Северното Море. Во просек, температурите на островот во лето се посвежи, а во зима се потопли отколку на копното.

Клима на Балтрум/Нордернај
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 5,1 5,4 7,8 11,5 16,0 18,7 20,8 21,3 18,5 13,8 9,0 7,3 13,0
Просечна температура (°C) 3,8 3,7 5,8 8,9 13,2 16,3 18,3 18,6 16,1 11,9 7,5 6,2 10,9
Просечна минимална (°C) 2,4 2,0 3,7 6,5 10,4 14,0 15,8 16,0 13,8 10,1 6,0 5,0 8,8
Просечно кол. врнежи (мм) 54,9 28,1 44,0 29,7 28,5 45,6 62,3 83,4 74,5 49,3 65,5 49,0 614,8
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 22 13 16 15 12 14 15 16 16 20 20 21 200
Влага (%) 88 86 85 82 80 80 80 79 80 84 86 88 83,2
Сончеви часови (дневно) 1,4 3,5 4,4 7,0 7,9 7,1 7,7 7,0 5,6 3,0 2,1 1,3 4,8
Извор: weather-online.de[3][4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Географите Страбон и Плиниј Постариот обезбедуваат дека островот постоел од првиот век пред нашата ера. Во текот на ерата на источнофризиските феуди, од 1350 до 1464 година, Источнофризиските Острови припаѓале на силното семејство Том Брок. Во 1398 година, Балтрум бил споменат во документ по првпат, кога Видзел том Брок го доделиле Балтеринге на војводата Алберт I од Баварија.

Во XVII век, Балтрум имал издолжен облик сличен на денешниот облик на островите Нордернај и Јист. Низ вековите, Балтрум изгубил огромна количина земја на својот западен брег поради ветрот и морските услови, што издолжувањето на источниот брег не можело да го надомести. Помеѓу 1650 и 1960 година западниот брег на островот се придвижил околу 5 километри кон исток, додека источниот брег се придвижил само 1,5 километри на исток. Увид од комитетот во 1650 година навел дека четиринаесетте жители на островот од тоа време биле изложени на опасност од морето. Во 1737 година имало село со црква, кое морало да биде напуштено поради засилување на песочните дини во 1800 година. Новото село, наречено „Западно село“, било населено околу 800 метри западно од денешниот западен брег (близу денешниот спруд Отхелоплате помеѓу Балтрум и Нордернај), а на исток било „Источно село“. Бура во 1825 година го поделило островот на неколку дела и го направил ненаселив.

Карта на островот во 1805 година

Од 1870 година натаму, островот бил заштитен против силата на морето со повеќе нивоа на заштита. Дополнително имало брани за одбрана на изградената површина против поплавите.

На островот не постојат имиња на улиците, туку само броеви на куќите. Моментално (2009 г.) има околу 300 броеви на куќи. Нумерирањето е извршено врз основа на датумот на изградба на куќата. Така, броевите на куќите ја покажуваат историјата на градбите на островот. Меѓутоа, броевите не се менуваат, ако градбата е заменета со нова.

Иако Балтрум станал приморско одморалиште во 1876 година, туризмот се развивал многу бавно. Од 1966 година, Балтрум станал приморско здравствено одморалиште одобрано од самата држава. Два хотели биле отворени кон крајот на XIX век, „Хотел Кипер“ во 1892 година и „Хотел цур Пост“ во 1895 година. Пред Втората светска војна, островот бил посетуван од 5 до 6.000 луѓе. Во 1960 година, скоро 17.000 туристи го посетиле островот, а од 1970-тите имало над 30.000 луѓе секоја година во главната сезона. Покрај приближно 500 жители имало околу 3.000 гости кои постојано живееле на островот во главната сезона, со што бил исцрпен капацитетот на двете мали села.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Старата црква на островот: во 1826 година црквата била изградена како лутеранска црква, а подоцна се користела како католичка црква, а некое време и како мртовечница. Денес, се користи само за венчавки, крштевки и културни настани.
  • Голема лутеранска црква на островот: оваа црква била изградена во периодот 1929–1930. Обете припрати биле додадени во 1959 година, а камбанаријата била подигната во 1964–1965.
  • Црква „Св. Никола“: Камен-темелникот на католичката црква бил поставен на денот Свети Никола во 1956 година и била осветена наредната година. Црквата има затворена градба користено за време на зимата и градба со сламен покрив користена летно време. Зимската црква има место за 50 луѓе, а летната црква може да прими до 300 луѓе. Архитект на црквата бил Хајнрих Фелдвиш-Дрентруп од Оснабрик, додека витражите биле направени од Маргарете Франке.
  • Историски заштитни палисади: заштитните палисади (германски: Historisches Pfahlschutzwerk) се наоѓаат на јужната страна. Биле поставени во 1880-тите години и обновени во 1930-1931 година. Денес, само дел од првичните палисади постојат помеѓу малото пристаниште и западниот раб. Тие се културни споменици и биле обновени во 2008 година.[5]
  • Музеј за локална историја: музејот бил отворен во старата царинарница и во него се наоѓа поставка за локалната и природната историја.
  • Музеј на националниот парк: основан во 1987 година во поранешна шупа на бродското претпријатие „Балтрум Линие“, насочен на плимите.
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Niedersachsen Karte – Stadtplan 1:25.000 für exakte Planungen“. Behörde für Geoinformation, Landentwicklung und Liegenschaften (GLL) des Bundeslandes Niedersachsen. Посетено на 2009-03-25.
  3. „Das Klima in Norderney“. Weather-online. Посетено на 2020-02-03.
  4. „Indices data“. www.ecad.eu. Посетено на 2019-01-17.
  5. „Deckwerkssanierung Baltrum“ (германски). Niedersächsischer Landesbetrieb für Wasserwirtschaft, Küsten- und Naturschutz (NLWKN). January 15, 2009. Посетено на March 22, 2009.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]