Илов (Источна Фризија)
| Илов (Источна Фризија) | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Аурих |
| Месни единици | 12 |
| Градоначалник | Арно Улрикс (независен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 123 км2 |
| Надм. височина | 0 м |
| Население | 12.608 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 103 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | AUR |
| Пошт. бр. | 26632 |
| Повик. бр. | 0 49 29 |
| Портал | www.ihlow.de |
| Местоположба на Илов (Источна Фризија) во рамките на округот Аурих | |
| Координати | 53°25′0″N 7°11′0″E / 53.41667°N 7.18333°E |
Илов (германски: Ihlow; источнофризиски долносаксонски: Îl) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри југозападно од окружниот град Аурих и 15 километри источно од безокружниот град Емден.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Илов се наоѓа во јужниот дел на округот Аурих во Источна Фризија. Со површина од околу 123 км², Илов е осма најголема општина во Источна Фризија и четврта најголема во округот Аурих по окружниот град, Крумхерн и Гросефен. Главното место Иловерфен се наоѓа осум километри југозападно од окружниот град Аурих и околу 15 километри североисточно од Емден.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината се состои од дванаесет единици, кои се делат на помали места.
| Единица | Жители | места кои припаѓаат |
|---|---|---|
| Бангстеде | 351 | – |
| Барстеде | 333 | |
| Иловерфен | 2.115 | – |
| Иловерхерн | 1.062 | Либертсфен, Хиленерфен, Вестерзандер |
| Лудвигсдорф | 947 | – |
| Охтелбур | 899 | – |
| Остерзандер | 815 | Вене |
| Рипе | 2.160 | – |
| Рипстер Хамрих | 147 | – |
| Зимонсволде | 1.658 | – |
| Вестеренде-Холцлог | 358 | Херенхитен, Верингерхерн |
| Вестеренде-Кирхлог | 1.721 | Фане, Фанстермор |
| Вкупно | 12.566 | — |
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Соседни градови и општини на Илов се (од запад, надесно) безокружниот град Емден, општината Зидброкмерланд, градот Аурих, општината Гросефен (сите во округот Аурих), како и општината Мормерланд во округот Лер.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селската црква во Вене
- Ветерници во Иловерфен
- Селската црква во Охтелбур
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Илов (Источна Фризија) на Ризницата ?- Официјална страница (германски)
| ||||||||
|


