Гросхајде
| Гросхајде | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Долна Саксонија |
| Округ | Аурих |
| Месни единици | 10 |
| Градоначалник | Фреди Фишер (независен) |
| Основни податоци | |
| Површина | 69,32 км2 |
| Надм. височина | 3−4 м |
| Население | 8.725 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 126 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | AUR |
| Пошт. бр. | 26532 |
| Повик. бр. | 0 49 36 |
| Портал | www.grossheide.de |
| Местоположба на Гросхајде во рамките на округот Аурих | |
| Координати | 53°35′0″N 7°21′0″E / 53.58333°N 7.35000°E |
Гросхајде (германски: Großheide; источнофризиски: Grootheid) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 10 километри источно од градот Норден и 15 километри северозападно од окружниот град Аурих.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Општината се наоѓа во близина на Северното Море, во мочуришно подрачје.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Гросхајде се граничи со три општински заедници и голем број на општини, вкупно десет. Источно од Гросхајде се наоѓаат општините Нендорф и Еверсмер (обете во општинската заедница Холтрим во округот Витмунд). Југоисточно од Гросхајде се наоѓа окружниот град Аурих. На југ се граничи со општината Зидброкмерланд, на југозапад се општините Рехтсупвег и Лецдорф (обете во општинската заедница Брокмерланд), додека на запад се општините Халбемонд, Берумбур и флекенот Хаге (сите во општинската заедница Хаге). Северно од Гросхајде се наоѓа општината Дорнум. Сите овие општини се наоѓаат во округот Аурих.
Општински единици
[уреди | уреди извор]Општината Гросхајде се состои од десет единици:[2]
- Арле
- Берумерфен
- Колдине
- Гросхајде
- Менстеде
- Остермордорф
- Зидарле
- Зидколдине
- Вестеренде
- Вестермордорф
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Die Gemeinde Großheide Архивирано на 10 јули 2023 г. (Hinweis: die Ortsteile werden in den Unterabschnitten aufgezählt.); abgerufen am 15. April 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||
|


