Прејди на содржината

Дорнум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дорнум
Општинското собрание
Општинското собрание
Општинското собрание
Грб на Дорнум
Дорнум во рамките на Германија
Дорнум
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругАурих
Месни единици8
ГрадоначалникУве Тренап (СДП)
Основни податоци
Површина69,32 км2
Надм. височина0 м
Население 4.527 (31 декември 2022)[1]
 - Густина65 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.AUR
Пошт. бр.26553
Повик. бр.0 49 33,
0 49 38 (Зилрот, Вестдорф)
Порталwww.dornum.de
Местоположба на Дорнум во рамките на округот Аурих
Карта
Карта
Координати53°39′0″N 7°25′0″E / 53.65000°N 7.41667°E / 53.65000; 7.41667

Дорнум (германски: Dornum) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа близу брегот на Северното Море, околу 15 километри источно од градот Норден и 20 километри северно од окружниот град Аурих.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Општината е најсевероисточната општина на копното од округот Аурих во Источна Фризија и се наоѓа непосредно на Северното Море. Се граничи на север со Ваденското Море, кое влегува како дел од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море прогласено за природна заштита во јуни 2009 година.[2]

Административното седиште се наоѓа околу дванаесет километри западно од градот Езенс во соседниот округ Витмунд и шеснаесет километри североисточно од градот Норден. Окружниот град Аурих се наоѓа околу 21 километар јужно од местото. Дорнум се наоѓа на границата на историските области Нордерланд и Харлингерланд: додека поголемиот западен дел со главното место припаѓаат на Нордерланд, помалиот источен дел припаѓа на Харлингерланд.

Со 76,78 квадратни километри, Дорнум е втора најмала општина во округот Аурих по Балтрум и е најмала општина на источнофризиското копно.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Општината се граничи на север со Северното Море. Од брегот се гледаат островите Нордернај на северозапад, Балтрум на север и Лангеог на североисток. Бидејќи Дорнум се граничи со три општински заедници, број на соседни општини на копното е голем. На исток се граничи со Езенс и Холтгаст (обете во општинската заедница Езенс), на југ се граничи со Охтерзум, Утарп, Швајндорф, Вестерхолт и Нендорф (Витмунд) (сите во општинската заедница Холтрим). Сите споменати општини се наоѓаат во округот Витмунд. На југозапад се граничи Дорнум со Гросхајде, на запад со Хаге и Хагермарш (обете во општинската заедница Хаге) во округот Аурих.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Кон општината покрај истоименото место Дорнум припаѓаат и следниве единици:

  • Дорнумергроде
  • Дорнумерзил
  • Несе
  • Несмерзил
  • Рогенштеде
  • Швитерзум
  • Вестдорф (со Остдорф)
  • Вестеракум
  • Вестеркумерзил
  • Вестербур (со Миделсбур)

Кон овие места припаѓаат и други помали места.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Во Дорнум се наоѓа лутеранската црква „Св. Вартоломеј“, во која се наоѓаат оргули од Герхард фон Холи. Во местото се наоѓа единствената зачувана синагога во Источна Фризија.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. nationalpark-wattenmeer.de: Niedersächsisches Wattenmeer, abgerufen am 2. September 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]