Хинте (германски: Hinte) — општина во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 20 километри јужно од градот Норден и 6 километри северно од безокружниот град Емден.
Хинте се наоѓа во Источна Фризија во крајниот северозапад на Германија. Административно припаѓа на округот Аурих во сојузната покраина Долна Саксонија. Општината се наоѓа во југозападниот дел на округот во непосредна близина на безокружниот град Емден. Окружниот град Аурих се наоѓа 23 километри североисточно, додека дел од окружната управа се наоѓа во градот Норден (25 километри на север).
Хинте се граничи со следниве општини (почнувајќи на југ, надесно): градот Емден, општината Крумхерн, општината Вирдум (во општинската заедница Брокмерланд), општината Зидброкмерланд. Освен безокружниот град Емден, сите други општини се наоѓаат во округот Аурих.