Висмор
Висмор
Wiesmoor | ||
Градското собрание | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Аурих | |
Градски единици | 8 | |
Градоначалник | Свен Либерс (независен) | |
Основни податоци | ||
Површина | 82,99 км2 | |
Надм. височина | 11 м | |
Население | 13.502 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 163 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | AUR | |
Пошт. бр. | 26639 | |
Повик. бр. | 04944 | |
Портал | www.wiesmoor.de | |
Местоположба на градот Висмор во рамките на округот Аурих | ||
Координати | 53°24′0″N 7°44′0″E / 53.40000° СГШ; 7.73333° ИГД |
Висмор (германски: Wiesmoor) — град во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Се наоѓа на каналот Нордгеоргсфен и е најнов град во областа Источна Фризија, добивајќи ги градските права на 16 март 2006 година, а два дена подоцна ја прославил стогодишнината од основањето на населбата.
Градот го должи својот развој на индустријализацијата на производството на тресет од околните мочуришта.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Висмор се наоѓа во северозападниот дел на Германија во средиштето на историската област Источна Фризија. Оддалеченоста од Северното Море изнесува околу 30 километри. Поголеми градови во околината се Вилхелмсхафен (околу 30 километри североисточно), Олденбург (околу 45 километри југоисточно), Бремен (околу 80 километри југоисточно), како и Гронинген (околу 80 километри југозападно).
Вкупното градско подрачје на Висмор се протега на површина од 82,99 квадратни километри. Најголемо растојание на градското подрачје во насока север-југ изнесува околу 11 километри, додека во насока запад-исток е околу 7 километри.
Со 161 жител на квадратен километар, Висмор во споредба со многу други градови е слабо населен.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Висмор се наоѓа во средишниот дел на Источнофризискиот Полуостров, сместен во крајниот југоисточен дел на округот Аурих. Градот покрај Илов е една од двете општини во округот Аурих, кои се граничат со два округа. На исток се граничи градот со општината Фридебург (округ Витмунд), на југ со општината Упленген (округ Лер). Западно од Висмор се наоѓа општината Гросефен, северно се наоѓа окружниот град Аурих (односно неговата единица Брокцетел), обата во округот Аурих.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Висмор се состои од градското јадро (Висмор Мите) и други десет градски единици.
Градски единици на Висмор се:[2]
- Маркардсмор
- Визедерфен
- Мулберг
- Рамсфен
- Хинрихсфен
- Цвишенберген
- Фосбарг
- Аурихер Висмор II
- Вилхелмсфен II
- Вилхелмсфен I
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во градот е под директно влијание на Северното Море. Лете дневните температури се пониски, додека зиме често се повисоки отколку внатре во копното.
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]
Партија | Удел | Места |
---|---|---|
SPD | 47,83 % | 14 |
CDU | 18,18 % | 6 |
Слободни гласачи Висмор | 13,22 % | 4 |
FDP | 2,90 % | 1 |
GRÜNE | 6,07 % | 2 |
Слободна граѓанска листа Висмор | 6,62 % | 2 |
Партија за заштита на животните | 3,75 % | 1 |
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалник на градот Висмор е Свен Либерс (независен).[5]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Висмор е збратимен со следниве градови:
Цветен фестивал
[уреди | уреди извор]Цветниот фестивал во Висмор првпат се одржал во 1952 година. Оттогаш се одржува секоја година во првиот викенд во септември (од четврток до понеделник).
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот во градот
-
Каналот Нордгеоргсфен
-
Црквата во Маркардсмор е најстара на градското подрачје
-
Градската црква
-
Музеј во градот
-
Цветна хала
-
Туристичко биро Висмор
-
Градската библиотека
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Stadt- und Ortsteile“. Stadt Wiesmoor - Daten und Fakten (германски). Stadt Wiesmoor. Посетено на 2020-08-02.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ „Wahlenübersicht“. votemanager.kdo.de. Посетено на 2022-03-13.
- ↑ „Die Kommunalwahl in Ostfriesland: Der Ticker zum Nachlesen“ (германски). Посетено на 2021-11-01.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Висмор на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
|
|