Бремерхафен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бремерхафен

Bremerhaven

Центарот на градот помеѓу реките Гесте и Везер
Центарот на градот помеѓу реките Гесте и Везер
Знаме на Бремерхафен
Грб на Бремерхафен
Бремерхафен is located in Германија
Бремерхафен
Управа
Земја Германија
Покраина Бремен
Градски единици 2 окрузи со 9 единици
Градоначалник Мелф Гранц (СДП)
Основни податоци
Површина 93,82 км2
Надм. височина 2 м
Население 113.557 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.210 жит/км2
Основано 1827
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HB
Пошт. бр. 27568-27580
Повик. бр. 0471
Портал bremerhaven.de
Местоположба на градот Бремерхафен во рамките на Бремен
Карта
Координати 53°33′0″N 8°35′0″E / 53.55000° СГШ; 8.58333° ИГД / 53.55000; 8.58333Координати: 53°33′0″N 8°35′0″E / 53.55000° СГШ; 8.58333° ИГД / 53.55000; 8.58333

Бремерхафен (буквално: „Бременско пристаниште“; германски: Bremerhaven; долногермански: Bremerhoben) — слободен град во сојузната покраина Бремен, Германија.

Градот создава енклава во покраината Долна Саксонија и е сместен на устието на реката Везер на нејзиниот источен брег, спротивно од градот Норденхам. Иако е релативно нов град, истиот има долга историја како трговско пристаниште и денес е еден од најважните германски пристаништа, играјќи улога во германската трговија.

Градот со своите 118.000 жители е дел од метрополитенската област Северозапад. Бремерхафен во 2018 година се наоѓал на 69. место на списокот на најголеми градови во Германија. Целосно е опкружен од округот Куксхафен.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Ексклави и енклави на градот и покраината Бремен и градот Бремерхафен. Сите три површини истовремено се енклави на покраината Долна Саксонија

Бремерхафен се наоѓа на устијата на Везер во Северното Море и на Гесте во Везер. Градското подрачје има максимална должина од 15 километри и ширина од 11 километри.[2] Бремерхафен заедно со бременската ексклава „Градско бременско прекуокеанско пристаниште Бремерхафен“ претставува една ексклава на Слободниот Ханзин град Бремен.[3] Еден дел од бременското место Фермор во североисточниот дел на град, одвоена е од тесен копнен дел на Долна Саксонија, со што претставува ексклава на градот Бремерхафен и со тоа уште една ексклава на Слободниот Ханзин Град Бремен.

Соседни места[уреди | уреди извор]

Соседни места се: Гестланд на север, Шифдорф на исток и Локсштет на југ. Во западниот дел се граничи со градот Бремен со својата ексклава во Бремерхафен. На другата (долносаксонска) страна на Везер се наоѓа Блексен, кој е поврзан со фериботот Бремерхафен-Норденхам со Бремерхафен.

Геоморфологија и природни средини[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа од 0 до 2 метри надморска височина.[2] Највисоката точка е 11,1 метар во градската единица Леерхајде[2] (Дебштетер Вег / Бруненштрасе).[4]

Во Бремерхафен се наоѓаат повеќе мочуришта. Исто така, порано Бремерхафен бил основан во мочуриште. Во Везер се наоѓаат помали површини на ват, кои се прогласени за светско природно наследство.

Реките Везер, Гесте, Рор, Луне и Ауе течат низ градот.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градската општина Бремерхафен е составена од два градски окрузи (Север и Југ), како и девет градски единици. Градските единици понатаму се поделени на 24 места.

Градски округ Градски единици Површина Жители Густина на населеност Карта
Север
1
  • Ведеварден
  • Леерхајде
  • Лее
  • Мите
44,75 км² 65.294 1.459,08
жит./км²
Bremerhaven Bezirk Nord.svg
Југ
2
  • Гестеминде
  • Шифдорфердам
  • Зурхајде
  • Вулсдорф
  • Фишерајхафен
49,09 км² 48.854 955,19
жит./км²
Bremerhaven Bezirk Süd.svg

Градско бременско прекуокеанско пристаниште Бремерхафен[уреди | уреди извор]

Прекуокеанското пристаниште припаѓа од 1 април 1938 година на градот Бремен. Градот Бремерхафен делумно е одговорен за општинското управување со местото.[5][6] [7]

Клима[уреди | уреди извор]

Поради близината на Северното Море, климата е главно морска. Во лето ретко има подолги жешки периоди со температури над 30 °C; во зима има малку или нема воопшто снег, а најниските температури се спуштаат до −10 °C. Годишната просечна температура изнесува околу 9,1 °C. Годишно наврнуваат околу 741,5 mm воден талог; најмногу врнежи има во јуни и јули. Во февруари со само 36 mm е најсув месец. Највисока измерена температура изнесува 35,8 °C достигната на 9 август 1992 година, додека најниската измерена температура од −18,6 °C била достигната на 25 февруари 1956 (сост. октомври 2009).[8]

Клима на Бремерхафен
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 3,0 3,8 6,9 10,9 16,1 18,9 20,0 20,5 17,6 13,2 7,8 4,3 12,0
Просечна температура (°C) 1,1 1,6 4,1 7,5 12,3 15,4 16,8 16,9 14,2 10,3 5,6 2,5 9,1
Просечна минимална (°C) −1 −0,7 1,5 4,3 8,5 11,9 13,7 13,5 11,1 7,7 3,5 0,4 6,2
Просечно кол. врнежи (мм) 56,0 36,1 50,3 47,8 56,3 73,1 78,7 71,7 67,9 65,3 71,4 66,9 741,7
Влага (%) 89 85 82 78 75 77 78 78 81 85 87 89 82
Сончеви часови (дневно) 1,3 2,1 3,3 5,2 6,7 6,7 6,3 6,2 4,3 3,1 1,6 1,1 4,0
Извор: wetterkontor.de[9]

Историја[уреди | уреди извор]

Најголемите германски бродови „Бремен“ и „Европа“ прикотвени во Бремерхафен (1930 г.)

Градот бил основан во 1827 година, но околните населби како Лее постоеле уште од XII век, додека Гестендорф бил „споменат во документи од IX век“.[10] Овие села биле изградени на мали острови во мочуришниот естуар. Во 1381 година, градот Бремен засновал де факто владение над долниот тек на Везер, вклучувајќи го Лее, подоцна преименувајќи го во Бремерлее. Во 1653 година, шведските трупи на Бремен-Ферден го освоиле Бремерлее на сила.

Царот Фердинанд III наредил на својот вазал Кристина, тогаш војвотка на Бремен-Ферден, да го врати Бремерлее на Бремен. Меѓутоа, шведскиот Бремен-Ферден ја започнал Првата Бременска војна (март-јули 1654). На подоцнежниот мировен договор (Прв Штадски договор; ноември 1654) Бремен морал да го предаде Бремерлее и околината на шведскиот Бремен-Ферден. Во 1672 година, под власта на Карл XI од Шведска, колонисти на Бремен-Ферден неуспешно се обиделе да изградат замок (именуван Карлсбург); оваа утврдена градба требало да штити, како и да ги контролира бродовите кон Бремен.

Конечно, во 1827 година, градот Бремен на чело со градоначалникот Јохан Шмит ги купила териториите на устието на Везер од Кралството Хановер. Бремен ја искористил оваа територија за да го врати уделот во прекуокеанската германска трговија, која била загрозена од калта од Везер околу старото внатрешно пристаниште на Бремен. Бремерхафен (буквално „Бременско пристаниште“) бил основан како пристаниште за бременската трговска флота, станувајќи второ пристаниште за Бремен, кој е 50 километри низводно. Поради трговијата, но и емиграцијата кон Северна Америка, пристаништето и градот се развиле брзо. Во 1848 година, Бремерхафен станал главно пристаниште за морнарицата на Германскиот Сојуз.

Кралството Хановер основала сопернички град до Бремерхафен и го нарекол Гестеминде (1845). Обата града растеле благодарение на трговијата, бродоградбата и рибарството. По меѓудржавните преговори, границата на Бремерхафен била неколкупати проширувана на сметка на хановерската територијата. Во 1924 година, Гестеминде и соседната општина Лее биле споени за да го создадат новиот град Везерминде, а во 1939 година Бремерхафен (освен пристаништето) бил тргнат од надлежност на Бремен и станал дел од Везерминде, тогаш дел од пруската покраина Хановер.

Бремерхафен бил еден од важните пристаништа на емиграција во Европа.[11]

Како најкритична база на Северното Море на нацистичката морнарица, 79%[12] од градот бил уништен во сојузничкото бомбардирање; меѓутоа, клучните делови на пристаништето биле поштедени со цел обезбедување пристаниште за употреба по војната. Целиот Везерминде, вклучувајќи ги оние делови, кои претходно не припаѓале на Бремерхафен, по војната биле енклава раководена од САД во рамки на британската зона. Поголемиот дел од американските воени единици и нивниот персонал биле сместени во касарната во градот. Касарната била напуштена од американската војска во 1993 година и вратена на германската влада.

Во 1947 година, градот станал дел од сојузната покраина Слободниот Ханзин Град Бремен и подоцна бил преименуван од Везерминде во Бремерхафен. Денес, Бремерхафен е слободен град, но и дел од градот-држава Бремен, кој е покраина со два града. Покрај што е дел од сојузната покраина, градот Бремен го поседува прекуокеанското пристаниште во рамки на Бремерхафен од 1927 година.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Поглед на Бремерхафен (2019 г.)

Бремерхафен има само неколку историски градби, додека главната улица и центарот на градот се скоро целосно изградени по војната. Главните туристички знаменитости се наоѓаат во Хафенвелтен, како што се Климатската куќа Бремерхафен, Германскиот емиграциски центар (од 8 август 2005 година) и Германскиот поморски музеј (Deutsches Schiffahrtsmuseum) од Ханс Шароун од 1975 гдина, каде се наоѓа ханзин ког, древен ког од 1380 година, откриен во Бремен во 1962 година, и историското пристаниште (Museumshafen) со бројни музејски бродови, како и подморницата „Вилхелм Бауер“. Зоолошката градина, која била повторно отворена на 27 март 2004 година, по подолга обнова е вредна за посета. Друго туристичко одредиште е рибарското пристаниште (Fischereihafen) во Гестеминде, кое поседува и аквариум.

На секои пет години се одржува голем едриличарски настан, кој привлекува високи бродови од целиот свет. Последниот пат бил одржан во 2015 година со над 270 пловила и 3.500 персонал.[13]

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градската управа на Бремерхафен

Градското собрание на Бремерхафен се состои од 48 членови, кои се избирани од граѓаните со мандат од четири години. Собранието е надлежно за работењето на градот и надгледување на градската управа.

Партија 2019
Демохристијански сојуз 10
Социјалдемократска партија 12
Сојуз 90/Зелени 8
Кнор 1
Граѓани во гнев 4
Пиратска партија 1
Левица 4
Слободна демократска партија 3
Алтернатива за Германија 4
Ди Партај 1
Излезност на гласачи: 48,48%

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалник е Мелф Гранц (SPD), кој го наследил Јерг Шулц во 2011 година.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Бремерхафен е збратимен со следниве градови:

Франција Шербур ан Котантен, Франција (од 1960 г.)
Обединето Кралство Гримсби, Англија (од 1963 г.)
Финска Пори, Финска (од 1969 г.)
Германија Фредерксхавн, Германија (од 1979 г.)
Полска Шчеќин, Полска (од 1990 г.)
Русија Калининград, Русија (од 1992 г.)

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Патен[уреди | уреди извор]

Поради својата географска особеност, Бремерхафен има неколку сообраќајни пречки. Градот бил поврзан на автопатската мрежа од крајот на 1970-тите години. Автопатот А27 поминува север-југ, источно од градот, поврзувајќи го Бремерхафен со Бремен и Куксхафен. Сепак, недостигаат врски до Хамбург. Патниот правец Б71 и регионалните патишта се користат за товарниот камионски сообраќај. За надминување на овој проблем се предложува изградба на автопатот А22, т.н. „крајбрежен автопат“, кој би го поврзувал Бремерхафен со Хамбург и Вилхелмсхафен/Олденбург (користејќи го тунелот Везер).

Железнички[уреди | уреди извор]

Главната железничка станица во Бремерхафен

Бремерхафен има три активни патнички железнички станици, главната железничка станица во градското средиште, Бремерхафен-Лее во северниот дел на градот и Бремерхафен-Вулсдорф во јужниот дел на градот. Четвртата станица, Бремерхафен-Шпекенбител, близу границата со Ланген не се користи од 1988 година, иако може да биде повторно отворена со воведувањето на Бременската С-Железница. Главната железничка станица во Бремерхафен ги изгубила линиите со брзи возови во 2001 година. Денес, постојат само регионални возови до Бремен, Куксхафен, Оснабрик и Хановер.

Трамвајски[уреди | уреди извор]

Бремерхафен поседувал трамвај од 1881 до 1982 година.[14] Во 1949 година имало дури 6 линии.[15] Последната линија била бр. 2 од северниот дел на градот до главната железничка станица. Трамвајот бил укинат на 30 јули 1982 година.[16]

Автобуски[уреди | уреди извор]

Бремерхафен во 2020 година имал автобуска мрежа од 19 автобуски линии управувани од Бремерхафен Бус. Две од линиите се ноќни, кои сообраќат само за викенди. Дополнително, постои Шелбус-Линија С, која опслужува одредени станици и затоа е побрз превоз.[17] Автобуските линии се опслужувани од 87 автобуси.[18] Бројни регионални автобуси управувани од други компании тргнуваат од главната железничка станица Бремерхафен.

Истражување и образование[уреди | уреди извор]

Бремерхафен е седиште на Институтот „Алфред Вегенер“, национален истражувачки институт за поморство и клима, кој поседува бројни истражувачки пловила. Исто така, раководи со Нојмајер-Станица III на Антарктикот.

Институтот „Фраунхофер“ за ветерна енергија поседува истражувачки лаборатории во Бремерхафен за развој и тестирање на компоненти за ветерна енергија.[19]

Германскиот поморски музеј е дел од германското здружение „Лајбниц“.

Високата школа Бремерхафен (Hochschule Bremerhaven) била основана во 1975 година и е проширена оттогаш, броејќи над 3.000 студенти во 2009 година. На школата учат бројни странски студенти од целиот свет. Меѓу катедрите се вбројуваат процесно инженерство, информациска технологија и претприемништво, иновација и лидерство.[20]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Контејнерското пристаниште

Пристаништето во Бремерхафен е шеснаесетто најголемо контејнерско пристаниште во светот и четврто најголемо во Европа со 4,9 милиони единици еднакви на 20 стапки на товар префрлен во 2007 година[21] и 5,5 милиони во 2015 година.[22] Контејнерскиот терминал се наоѓа на брегот на реката Везер кон Северното Море. Бремерхафен извезува и увезува повеќе автомобили од било кој друг европски град.

Спорт[уреди | уреди извор]

Фиштаун Пингвини се професионална екипа во хокеј на мраз во највисоката германска лига во хокеј на мраз.

Поларни мечки Бремерхафен, основани во 2001 година, се кошаркарска екипа кои играат во втората германска лига.

Бремерхафен Сихокс се екипа во американска фудбал и настапуваат во третата германска лига. Екипата е втор најстар состав во американски фудбал во Германија.

Локални фудбалски клубови се Леер ТС, СФЛ Бремерхафен и до 2012 година, ФК Бремерхафен. ТСВ Вулсдорф и ОСК Бремерхафен, исто така, имаат фудбалски екипи како дел од нивните клубови со повеќе спортови.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bevölkerungsentwicklung im Land Bremen“ (PDF). Статистичка служба на Бремен (германски). јуни 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Statistisches Jahrbuch 2014“ (PDF; 3,5 MB). Статистичка служба на Бремен. 2013-12-31. Посетено на 2015-06-08.
  3. Manfred Schmidt. GRIN-Verlag. стр. 63. ISBN 978-3-640-17973-2. Занемарен непознатиот параметар |Title= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |Date= (се препорачува |date=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. „Allgemeines“. Webseite Stadt Bremerhaven. Посетено на 2015-06-18.
  5. „§ 8 Verfassung Bremerhaven“. Webseite Transparenz Bremen. Посетено на 2016-04-15.
  6. „Überseehafen-Müllabfuhrvertrag“. Webseite Transparenz Bremen. Посетено на 2016-04-15.
  7. „Feuerschutzvertrag Bremen“. Webseite Transparenz Bremen. Посетено на 2016-04-15.
  8. „Extremtemperaturen deutscher Städte: Höchst- und Tiefsttemperaturen“. Webseite Wettergefahren-Frühwarnung. 2009-10. Посетено на 2019-03-28. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. DWD, ecad.eu., wetterkontor.de.
  10. Dierks, August, Dr.; von Garvens, Eugenie (1954), Bremerhaven: Busy – Breezy – Booming – Town, Bremerhaven: The Chamber of Commerce and Industry p. 8. Fourth revised edition. Translated into English from the original German edition titled Bremerhaven- tätige Stadt im Noordseewind
  11. Evans, Nicholas J. (2001). „Work in progress: Indirect passage from Europe Transmigration via the UK, 1836–1914“. Journal for Maritime Research. 3: 70–84. doi:10.1080/21533369.2001.9668313.
  12. Archives, The National. „The National Archives - World War II - Western Europe 1939-1945: Hamburg - Why did the RAF bomb cities?“. www.nationalarchives.gov.uk. Посетено на 20 March 2018.
  13. „SAIL – Bremerhaven“. www.sail-bremerhaven.de. Посетено на 2016-07-28.
  14. Paul Homann. „Bremerhavener Streckennetze - Tram and bus route networks since 1881“ (PDF). стр. 3 and 46. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-08-28.
  15. „VGB Fahrplan 1949 - Original Timetable from the year 1949 // Book Archive from Paul Homann, Bremerhaven“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-06-25.
  16. Paul Homann. „Bremerhavens Nahverkehr, Chronik - recent history since 1980 - German text“ (PDF). стр. 16. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-04-19.
  17. Paul Homann. „Bremerhavener Streckennetze - Tram and bus route networks since 1881“ (PDF). стр. 109. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-08-28.
  18. Paul Homann. „VGB-Linienbusse - Buses for the town bus network“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-01-01.
  19. Fraunhofer IWES Laboratories Archived април 19, 2012 на Wayback Machine
  20. https://startblog.eu/wp-content/uploads/2019/02/Studiengangsbroschüre-GIF-2019.pdf
  21. Van Marle, Gavin (2008-01-31). „Europe Terminals stretched to limit“. Lloyds List Daily Commercial News. стр. 8–9.
  22. „weser.de – Seehäfen & Seeschifffahrt: Bremische Häfen“. www.weser.de. Архивирано од изворникот на 2014-03-29. Посетено на 2016-08-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]