Елмсхорн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Елмсхорн
Црквата Св. Никола во Елмсхорн
Црквата Св. Никола во Елмсхорн
Грб на Елмсхорн
Елмсхорн is located in Германија
Елмсхорн
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Пинеберг
Градоначалник Фолкер Хатје (независен)
Основни податоци
Површина 21,36 км2
Надм. височина 3 м
Население 49.206 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 2.304 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PI
Пошт. бр. 25335, 25336, 25337
Повик. бр. 04121
Портал www.elmshorn.de
Местоположба на градот Елмсхорн во рамките на округот Пинеберг
Карта
Координати 53°45′7″N 9°39′4″E / 53.75194° СГШ; 9.65111° ИГД / 53.75194; 9.65111Координати: 53°45′7″N 9°39′4″E / 53.75194° СГШ; 9.65111° ИГД / 53.75194; 9.65111

Елмсхорн (германски: Elmshorn) — град во округот Пинеберг, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа 32 километри северно од Хамбург, сместен на малата река Крикау, близу Елба. Претежно индустриски град, Елмсхорн е шести град по големина во сојузната покраина, по Кил, Либек, Фленсбург, Нојминстер и Нордерштет.

Прв пат бил споменат во 1141 година, а градските права ги добил во 1870 година и денес е седиште на окружниот совет на округот Пинеберг, кој влегува во рамките на метрополитенската област Хамбург. Градот исто така претставува административно седиште на општинската заедница Елмсхорн-Ланд, иако самиот град не е член на заедницата.

Елмсхорн е поделен на пет четврти Калтенвајде, Лангелое/Хајнхолц, Клостерзанде/Лит, Фуксберг и Мите/Фламвег.[2]

Економија[уреди | уреди извор]

Историски, Елмсхорн имал многу претпријатие во прехранбената индустрија, вклучувајќи ја преработката на месо и производството на колбаси, производството на маргарин и житарици. Многу претпријатие постојат и денес, како Делинг-Харајко (обработка на месо/производство на колбаси) и Келн (производство на житарици, главно овес и мусли).

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Елмсхорн е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]