Бенингштет
| Бенингштет | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
| Округ | Пинеберг |
| Градоначалник | Петер Лиске |
| Основни податоци | |
| Површина | 12,05 км2 |
| Надм. височина | 13 м |
| Население | 4.593 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 381 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | PI |
| Пошт. бр. | 25474 |
| Повик. бр. | 040 |
| Портал | boenningstedt.de |
| Местоположба на Бенингштет во рамките на округот Пинеберг | |
| Координати | 53°39′57″N 9°54′23″E / 53.66583°N 9.90639°E |
Бенингштет (германски: Bönningstedt) — општина во округот Пинеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа околу 8 километри источно од Пинеберг и 13 километри северно од Хамбург. Миленау и Ругенведелзау течат низ општината.
Кон општината припаѓаат местата Винцелдорф и Ругенберген. Бенингштет бил седиште на поранешната истоимена општинска заедница. Помеѓу јануари 2007 година и јануари 2013 година бил дел од општинската заедница Пинау. До 1 август 2008 година претставувал и нејзино седиште, откога тоа било преместено во Релинген. Од 1 јануари 2013 година ја напуштила општинската заедница Пинау и сега претставува слободна општина, која административно соработува со градот Квикборн.[2]
Бенингштет е поврзан со јавниот сообраќаен систем на Хамбург преку железничката компанија АКН.
Повикувачкиот број во Бенингштет започнува со 040 (за Хамбург), иако општината се наоѓа во покраината Шлезвиг-Холштајн, каде броевите започнуваат со 041XX.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Бенингштет на Ризницата ?- Официјална страница
|
| Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

